Филков: Помилувањето не смее да биде злоупотребено за политичка битка

Имајќи ја предвид процедурата за помилување, но и временската рамка кога е испратено мислењето од Министерството за правда, во време на предизборие, се добива впечатокот дека овој процес е злоупотребен.

Воедно, и отворањето на детали од процедурата од опозицијата посочуваат токму на подметнување на кукавичко јајце во овој процес.

Помилувањето е дел од системот за рехабилитација и ресоцијализација. Комисијата за помилување пред себе мора да ги има фактите за делото врз кое е донесена осудителната одлука како и пропратните документи без да биде наведено име, и одлуката би требало да ја носи професbионално и со личниот и професионалниот кредибилитет, без надворешно мешање, смета министерот за правда, Игор Филков.

Сподели ја оваа статија