Хакери упаднаа во системот на Министерството за економијa

Хакери упаднаа во системот на Министерството за економија и труд. Вработените останаа без пристап до интернет и без пристап до службените мејлови. Главниот проток на интернет е запрен, а само делови од објектот на Министерството имаат пристап до интернет мрежа.

Според Сител, нападот се случил пред три недели, на 12 септември, кога се појавиле првите проблеми, односно службениците не можеле да пристапат до службените мејлови.

Податоците од дата-базите на Министерството се заклучени. Но, официјално нема информација ниту кои податоци биле мета на хакерскиот напад, ниту дали се загрозени податоци на граѓани и компании.

Сподели ја оваа статија