Лионел Меси учествуваше со три гола за 11 минути. Интер Мајами утринава во меч од МЛС со 6:2 го победи Њу Ингланд.
Гостите поведоа со 0:2, потоа на сцена стапи Луис Суарез па во 40. и 43.минута израмни на 2:2.
Лео беше на клупата, во игра влезе во 58.минута и веднаш учествуваше во акцијата на голот за 3:2, стрелец Кремаши.
Но, тоа не беше доволно за Лео. Од 78. до 88.минута постигна хет – трик за победа на Интер Мајами со 6:2.