Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царината доби систем за анализа на ризик и податочен склад од Корејската царинска служба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Царината доби систем за анализа на ризик и податочен склад од Корејската царинска служба
ЕКОНОМИЈА

Царината доби систем за анализа на ризик и податочен склад од Корејската царинска служба

Објавено December 16, 2025 15:03
Сподели
Сподели

Царинската управа доби систем за анализа на ризик и податочен склад со кој се очекува да се подобри контролата на целокупниот обем на трговска размена и сузбивање на обидите за криминал и сива економија.

Системот за анализа на ризик и податочен склад имплементиран со грант од Република Кореја во висина од 4,75 милиони долари, а денеска на официјалното промовирање на системот, македонската Царина доби и две кучиња од Кореја кои ќе бидат дел од тимот К9 на Царинската управа.

– Сите податоци за целиот увоз, извоз, транзит, податоците за акцизна стока, целокупната евиденција на заплени, прекршочни и кривични пријави се интегрирани во Системот каде истите се анализираат со поддршка на напредна вештачка интелигенција. Воедно истиот обезбедува податоци за пратки чии вредности се различни од берзанските цени, но и чии вредности се под просечните согласно анализата на вредноста на целокупниот увоз, со што ги алармира царинските службеници за проверка на контејнерите со вакви пратки, сè со цел да се спречат обиди за царинска измама. Во делот на спречување на обидите за криминал, од суштинско значење е и анализата на податоците за патници во воздушниот сообраќај што ни овозможува поефикасно таргетирање на високоризични профили на патници – истакна директорот на Царинската управа Бобан Николовски на заедничката прес-конференција со комесарот на Корејската царинска служба Лимјон Ку.

Со новиот систем, како што посочи Николовски, ќе се овозможи и олеснување на легалната трговија што за фирмите ќе значи пократко време за царинење и помалку трошоци. Ова е овозможено преку зголемената концентрација на контролите на пратките каде претходно системот утврдил дека постои високо ниво на ризик од потенцијални измами, како и анализа на податоците од извршени постконтроли, што придонесува кон забрзување на легалната трговија.

Проектот започна во 2021 година со студија за изводливост и денешната завршница, според комесарот на Корејската царинска служба, е резултат на посветеноста и блиското партнерство меѓу двете влади.

– Преку континуираната комуникација и соработка меѓу нашите две земји тој сега конечно вроди со плод. Од 2008 година, Корејската царинска служба го воведе системот за Е-царинење УНИПАС во 16 земји, и нивниот износ беше 329,37 милиони долари. Овој проект од 4,75 милиони долари е особено значаен за Северна Македонија, бидејќи претставува прво воспоставување на системот за електронско царинење на Царинската служба на Република Кореја во целиот европски регион – рече Лимјон Ку.

Според Ку, кој за првпат доаѓа во земјава, новиот систем не само што ќе придонесе Северна Македонија да се позиционира како балкански лидер со напреден царински систем, туку ќе претставува и инспиративен пример за цврста царинска соработка и пријателство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата сака да го врати паралелниот увоз на лекови предупредува СДСМ
Следна Статија Јорданоски: Ниски откупни цени, неорганизиран пласман и нелојална конкуренција дел од предизвиците во земјоделството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост на жените – клучен фактор за економски напредок

„Родовата нееднаквост е едно од светските прашања за кои мора постојано да се зборува и да се преземаат активности. Според…

March 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Земјоделството е стратешки приоритет на оваа Влада

Денес сме тука да ја испратиме силната порака дека македонската земја храни, дека македонската трпеза има иднина, и дека македонскиот…

June 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: По реконструкција на Коридорот 10, патничките возови со брзина од 160км/ч

Инфраструктурен бум најавува премиерот Христијан Мицкоски. Реконструкција на Коридорот 10 во железницата што ќе доведе до побрз транспорт на патници…

May 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од идеја до бизнис со помош на државата, Владата обезбеди 40 милиони евра

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска престојуваше во Тетово каде што оствари работна посета и средба со граѓани,…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?