Цените на угостителските услуги не престануваат да растат

Во октомври споредено со септември пораснале цените за угостителските услуги за 1,1 процент, додека пак во однос на октомври минатата година се зголемени за 6.1 процент, покажуваат податоците на Државниот завод за статистиска.

Според пресметките кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – октомври во однос на истиот период лани е зголемен за 5,6 проценти, а во однос на декември минатата година за 3 проценти.

Податоците покажуваат дека на годишно ниво ноќевањата поскапеле за 21,3%, алкохолот за 4,9% и храната за 2,1%.

На месечно ниво ноќевањата поскапеле за 5,9%, алкохолот за 0,3%, а храната за 0,2%.

Кумулативно за периодот јануари-октомври најмногу поскапеле ноќевањата за 13,5% и алкохолот за 5,6%. Храната што се нуди во овие објекти во истиот период поскапела за 3,4%.

Сподели ја оваа статија