„Шокираната“ ДУИ кога била на власт се согласила дека поради злоупотреби„балансерот“ треба да се укине

По вчерашната одлука на Устаниот суд да ја укине алатката „балансер“ поради бројни злоупотреби реакциите претежно од албанската опозиција никако да стивнат. Најгласни во овие критики се претставниците на ДУИ кои дури пред Уставниот суд одржаа драматична прес-конференција. Но дали намерите на ДУИ се искрени кога станува збор за укинувањето на балансерот?

Фактите покажуваат дека кога ДУИ била на власт заедно со партнерите во Владата се согласиле дека веќе е надмината потребата на балансерот пишува ДВ. Ова може да се види во Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030 со Акциски план 2023 -2026. Тоа е владин акт од јули 2023 година, што значи дека е донесен во мандатот на Владата на СДСМ и ДУИ. Во него, на страница 47 е наведено дека „се надминува потребата од примена на алатката наречена ‘балансер’ која во пракса предизвикува бројни злоупотреби“. 

Оваа стратегија е донесена со цел јавната администрација да стане департизирана, професионална и стручна во својата работа а целиот процес бил подржан од Европската унија.

„Тоа е единствениот начин кој на граѓаните може да им гарантира побрзо, поквалитетно и поевтино остварување на нивните индивидуални права, како и заштита на јавниот интерес“, се наведува во Стратегијата.

„Имено, начелото на еднаков пристап до секое работно место, начелото на стручност и компетентност и начелото на родова еднаквост треба да се примарни и единствено применети во целиот процес на селекција, вработување и унапредување на сите нивоа во јавната администрација, додека во фазата пред донесување на одлуката за избор секако треба да се води сметка и за начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците“, пишува во Стратегијата на Владата.

На овој начин, според творците на Стрегијата која повторно треба да се напомена дека е донесена во време кога ДУИ е дел од Владата треба да се надмине потребата од примена на алатката наречена ‘балансер’, која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.

Сподели ја оваа статија