Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

Објавено August 24, 2025 14:16
Сподели
Сподели

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – 600 милиони евра за развој и локален прогрес имаше претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека има огромна разлика од минатото и сега, каде општините не добивале поддршка од централната власт за капитални проекти а сега со промена на власта се инвестира подеднакво во сите општини, без поделба.

„Како што кажа министерот Перински 1200 проекти се проекти кои содржат техничка документација којашто во најголем дел беше изработена години наназад, но поради немање на финансии во минатото општините не можеа да ги реализираат, ова е проект кој наиде на позитивни реакции кај сите граѓани. За прв пат во историјата на Република Македонија, 30 години наназад не се делат општините, инвестициите стигаат до секое населено место, за прв пат во историјата на Република Македонија наеднаш се градат толку многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура како никогаш досега“, рече Ѓорѓиевски.

Претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски вели дека е значајно што се инвестира во сите општини, проект којшто се случува за прв пат во историјата на државата, при што секој градоначалник според потребите на граѓаните така и ги насочува средствата во својата општина.

„Сметам дека ова е проектот кој недостасуваше 30-тина години во Македонија. Се надевам дека овој проект ќе продолжи и понатаму и сериозно ќе ја градиме и менуваме државата како што тоа го правиме во моментов сега“, вели Ѓорѓиевски, се наведува во партиското соопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ го жртвуваше Скопје за да се пресметува со Арсовска, вели Шукова
Следна Статија Жељко Обрадовиќ пие виски, додека Ханка Палдум му пее „на увце“ (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скандалот се продлабочува: Финансиска полиција ги „чешла“ јавните набавки за мазут во ЈСП

Според последните информации од терен, скандалот во ЈСП се продлабочува. Активирана е и Финансиската полиција. Во врска со проблемот со…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за членовите на Судски Совет: Образ ѓон – уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2%

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да се исклучи телефонот и да се пријави во МВР, Тошковски со совет за телефонски измами со наводни сообраќајни незгоди

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска преку видео објавено на неговиот Фејсбук профил истакнува дека телефонски измами со наводни…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност…

November 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?