Јапонија ги охрабрува младите да пијат повеќе алкохол

Јапонските власти почнаа национален натпревар, повикувајќи на идеи за поттикнување на помладата генерација, на возраст меѓу 20 и 39 години, да пијат повеќе алкохол. Ваквата иницијатива доаѓа откако промената во ставовите на младите во однос на алкохолот доведе до пад на даночните приходи.

Помладите генерации во Јапонија пијат помалку алкохол од нивните родители, што влијае на производството и ги намалува владините приходи од даноците на пијалоци како што е сакето (алкохолен пијалок направен со ферментирање на ориз).

Државната даночна агенција објави дека потрошувачката на алкохол во Јапонија е намалена од просечни 100 литри по лице годишно во 1995 година на 75 литри во 2020 година.

Сподели ја оваа статија