Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе има прецизни и таргетирани мерки за зголемената инфлацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе има прецизни и таргетирани мерки за зголемената инфлацијата
ЕКОНОМИЈА

Ќе има прецизни и таргетирани мерки за зголемената инфлацијата

Објавено July 7, 2025 18:40
Сподели
Сподели

Владата ќе прави анализа за базичната инфлација по што ќе излезе со мерки за заштита од зголемените цени на производите. Мерките, како што денеска рече премиерот Христијан Мицкоски, ќе бидат прецизни и таргетирани и објавени многу скоро.

– Не сме среќни што ова се случува, но мора да направиме детална анализа во делот на базичната инфлација бидејќи разговарав со неколку економски професори и заклучокот е дека делот од производите кои ја креираат оваа инфлација можеби во односот добавувачи – маркети не е толку зголемено, колку во базичната инфлација и во делот на инфлацијата на услуги. Ќе има мерки многу скоро кои сакаме да бидат прецизни и таргетирани. Не сакаме да бидат мерки што ќе предизвикаат стихија, рече Мицкоски на прес-конференцијата во Владата.

Како што посочи, она што првично е забележано е дека големо отскокнување има кај инфлацијата на услуги каде бројките се двоцифрени.

– Треба да видиме колкав е уделот на инфлацијата во услугите при создавање на базичната инфлација. Тука имаме отскокнување, двоцифрени бројки, рече Мицкоски.

Попластично кажано, додаде Мицкоски, ако ја видите информацијата за земјоделските производи од пред недела-две ќе забележите дека во импутот зголемени се параметрите за два проценти, а во аутпутот за 11 проценти. – Земјоделецот го продава производот на некој кој тој производ го носи во маркет и ако тој го продава за 11 проценти повисока цена, тогаш е јасно за што зборувам, рече Мицкоски.

Државниот завод за статистика денеска излезе со информација дека во јуни трошоците на живот се зголемени за 4,5 проценти, а цените на мало за 3,7 проценти на годишно ниво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утринава разрешен од Путин, попладне пронајден мртов: Руски министер извршил самоубиство
Следна Статија Исфрлени повеќе од 70 тони вода во околината на Блаце

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на Националниот совет за развој: Поставени се јасни насоки за напредок во економијата

Денеска се одржа третиот Национален совет за развој, на кој се разгледаа клучни прашања поврзани со долгорочниот развој на Македонија,…

March 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски на средба со бугарскиот колега Караџов: Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот

Бугарија се согласи на градба на заеднички тунел, и конечно, ќе инвестираат 1,5 милијарди евра во коридорот 8. Претходно, Бугарија…

June 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

По најавите за бојкот, дел од маркетите во Македонија почнаа со акции

По најавите за бојкот на големите маркети во Македонија на 31 Јануари, дел од нив веќе почнаа со акции за…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трајко Славески е предлогот за нов гувернер

Професорот Трајко Славески за гувернер на Народната банка – е изборот на претседателката Гордана Силјановска Давкова Ве информираме дека претседателката…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?