Бројката на жртви од масакрот во црногорскиот град Цетиње се искачи на 12, откако починаа и две лица во болница.
Првично во пукање во кафеана во Цетиње загинаа 10, а четири лица се бореа за живот во болницата во Подгорица, но две лица им подлегнаа на повредите, изјави државната обвинителка.
Напаѓачот извршил самоубиство. Првично бил пронајден во тешка состојба, па починал на пат кон болница.