Kанадски адвокат: Слободан Милошевиќ беше отруен во Хаг

Канадскиот адвокат на поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ, Кристофер Блек, вели дека тој бил отруен во судот во Хаг.

Во 2008 година, агент на ЦИА ми се закани дека ќе ме убие затоа што им направив неволја во Трибуналот во Руанда. Ми рече: „Ќе те убиеме и тебе“. А кога му одговорив дека не му верувам, додаде: „Го отрувме твојот пријател Милошевиќ, го отрувме Арафат“. Ќе ти кажам како, а после ќе те убијам и тебе“, вели Блек.

Адвокатот потсетува дека медиумите во САД постојано ширеле гласини дека Милошевиќ ќе изврши самоубиство:

Така знаевме дека неговиот живот е во опасност бидејќи Милошевиќ никогаш не падна во депресија. Никогаш. Тој беше многу позитивна и силна личност. Го обвинија за се, но сето тоа беше невистинито. Обвиненијата се измислени. Затворските службеници ни го ограничија пристапот и го третираа како обичен криминалец“, вели Блек.

Адвокатот тврди дека Милошевиќ бил киднапиран и незаконски однесен од Србија.

Врховниот суд рече дека екстрадицијата е незаконска. Но, истиот ден тој беше врзан со лисици и одведен во Хаг со британски авион. Тоа беше киднапирање и заплашување“, вели канадскиот адвокат.

Сподели ја оваа статија