Maкедонија оди на победа во Литванија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров направи една измина во составот во однос на средбата со Естонија.

За денешниот меч со Литванија Лазаров одлучи на местото на Мартин Томовски во составот да биде Иван Галевски.

Младиот голман на Алкалоид натпреварот со Естонија во Скопје го следеше од трибините, па попладне во Вилнус ќе чека шанса за деби во националниот тим.

Покрај Галевски, Лазаров на располагање ќе ги има: Марко Кизиќ, Мартин Велковски, Игор Ѓорѓиев, Марко Митев, Филип Кузмановски, Александар Петковски, Валентин Карасманакис, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Иван Џонов, Марко Стојковиќ, Михаил Аларов, Петар Атанасијевиќ, Мартин Серафимов и Павле Атансаијевиќ.

Натпреварот Литванија – Македонија од второто квалификациско коло за Европското првенство во 2026 година почнува во 17 часот

Сподели ја оваа статија