Oва е Србинот што го уби дизајнерот на Ролс Ројс

Никола Здравковиќ (22) од околината на Велико Градиште во јули беше уапсен под сомнение дека е убиецот на Јан Камерон (74), поранешен дизајнер во компанијата Ролс Ројс, во Германија, а во текот на истрагата наводно рекол дека е платен убиец. Судењето продолжува неделава.

Здравковиќ е осомничен дека го избодел Камерон до смрт на 12 јули, откако тропнал на вратата од неговиот дом во езерото Амер.

Осомничениот неколку пати со нож го избодел Камерон, кој починал од повредите, а неговата сопруга успеала неповредена да им избега на соседите и да повика помош – пишуваа претходно германските медиуми и додаваат дека по злосторството, осомничениот побегнал пеш во железничка станица, каде што се качи на возот за Франција.

Сподели ја оваа статија