Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Австрија и Германија воведоа забрана за влез на Милорад Додик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Австрија и Германија воведоа забрана за влез на Милорад Додик
БАЛКАН

Австрија и Германија воведоа забрана за влез на Милорад Додик

Објавено April 4, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Австрија и Германија воведоа забрана за влез на водачот на босанските Срби, Милорад Додик. Покрај него, забраната важи и за двајца други политичари од Република Српска, изјави австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер (НЕОС) во Сараево, каде што се сретна со германската државна секретарка за европски прашања Ана Лирман, пренесува „Die Presse“.

Забраната се однесува и на претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ и Радован Вишковиќ.

Мајнл-Рајзингер во Сараево престојува до петок. Планира да се сретне со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ и со високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит.

Мајнл-Рајзингер ќе се сретне и со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто. Планирана е и посета на силите на ЕУФОР во кампот Бутмир.

Судот на Босна и Херцеговина побара распишување меѓународна потерница за Додик и Стевандиќ откако тие ја преминаа државната граница додека по нив беше распишана внатрешна потерница, потсетуваат тамошните медиуми. Судот на Босна и Херцеговина го поднесе барањето за меѓународна потерница до канцеларијата на Интерпол во Сараево. Меѓутоа, тоа барање беше одбиено. Додик потоа отпатува за Израел, па за Москва.

Дополнително, граничната полиција на БиХ спроведува истрага за тоа како Додик ја преминал границата, со оглед на тоа што има информации дека делегацијата под ротации без задолжително застанување, го минала граничниот премин Рача, според написите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Компанијата „Епл“ изгуби речиси 300 милијарди долари од пазарната вредност поради царините на Трамп
Следна Статија Маск објави фотографија од високо чуваното седиште на ЦИА, предизвикувајќи лавина коментари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Брнабиќ им се закани на студентите во Србија кои протестираат: Ќе го изгубите правото на бесплатно студирање и домување

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ денеска ги предупреди студентите кои протестираат и ја блокираат работата на околу шеесетина факултети…

January 21, 2025
БАЛКАН

Косово почна да прима депортирани лица од САД

Косово почна да прима мигранти депортирани од САД, кои не се по потекло од Косово, изјави доцна синоќа техничкиот премиер…

December 12, 2025
БАЛКАН

ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА: Најмалку 30 повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Повеќе од 30 лица се повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во српскиот град Нови Сад, јавија локалните…

November 1, 2024
БАЛКАН

Рекордни цени на недвижности во Србија: Квадрат во „Белград на вода“ достигна 9.805 евра

Цените на недвижностите во Србија во првата половина од 2025 година достигнале рекордни износи, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод.…

November 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?