Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Акција на Финансиска и ОЈО ГОКК: Приведени се повеќе лица поради сомнежи за корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Акција на Финансиска и ОЈО ГОКК: Приведени се повеќе лица поради сомнежи за корупција
ХРОНИКА

Акција на Финансиска и ОЈО ГОКК: Приведени се повеќе лица поради сомнежи за корупција

Објавено June 2, 2026 18:55
Сподели
Сподели

Повеќе лица се приведени под сомнежи за корупција во рамки на акција што денеска ја спроведува Управата за финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОПЈО ГОКК).

Од Финансиска информираат дека во текот на денешниот ден, овластени службени лица, постапувајќи по наредби издадени од судија на претходна постапка и под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, вршат претреси на домови, деловни простории и лица на повеќе локации.

Акцијата, како што се вели во соопштението од Финансиска, произлегува од предистражна постапка насочена кон откривање и документирање на повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупција.

„Постојат основи на сомнение дека делата се извршени од службени и други лица што го искористиле своето влијание, општествена положба и углед со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери“,велат од Финансиска.

Од ОЈО ГОКК потврдија дека во координација со Финансиската полиција се спроведува акција поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа.

Оттаму посочија дека акцијата е во тек и засега не можат да откријат повеќе детали.

Меѓу приведените е и поранешен директор на Царинската управа и ексградоначалник на Општина Карпош од редовите на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) поради сомнежи за злоупотреби при спроведување на постапки за јавни набавки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Антонио Кошта пристигна во Скопје
Следна Статија (ВО ЖИВО) Прес на Кошта со Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ангелов: Од цистерната се излеале 25 тони нафта, возачот на возилото нема тешки телесни повреди

Од цистерната што денеска се преврте на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, истекле 25 тони нафта, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Повторена пресуда за „Меѓународен сојуз“: Боки-13 осуден на пет години затвор

Основниот кривичен суд во Скопје донесе нова пресуда во повторената постапка за случајот „Меѓународен сојуз“, со која беа изречени намалени…

October 13, 2025
ХРОНИКА

Млада девојка почина откако ја удри автомобил на „Партизанска“

Дваесет и две годишна девојка од Скопје почина откако беше удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“. Тешката сообраќајка се…

January 30, 2025
ХРОНИКА

Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош

Жена од Скопје, најевројатно од Јурумлери е исчезната. На Фејсбук се споделува статус на лицето Аце Јоциќ кој пред кратко…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?