Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Алкалоид“ четири години ќе ги стипендира студиите на херојот од Виница, Јован
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Алкалоид“ четири години ќе ги стипендира студиите на херојот од Виница, Јован
МАКЕДОНИЈА

„Алкалоид“ четири години ќе ги стипендира студиите на херојот од Виница, Јован

Објавено March 27, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Компанијата „Алкалоид“ му додели стипендија на Јован Костадинов во износ од 18.000 денари месечно во текот на следните 4 години.

Деветнаесетгодишниот Јован спаси 21 живот извлекувајќи ги лицата од опожарената дискотека „Пулс“ во Кочани. Тој неколку дена беше хоспиталиизран на Клиниката за токсикологија поради вдишување чад. Кога излезе од болница, беше пречекан како херој во неговиот роден град Виница и во неговото училиште.

„Бев информиран дека ќе биде доделена стипендија за Јован Костадинов, како знак на признание за неговата храброст и човечност. ‘Алкалоид’, како општествено одговорна компанија, ја презеде оваа иницијатива и на тој начин покажа дека ги препознава и вреднува ваквите светли примери. Благодарност до сите што помагаат во овие тешки моменти за државата и народот“, напиша вчера на својот профил на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

„Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат“, додаде Мицкоски.

Компанијата „Алкалоид“ АД Скопје се приклучи кон масовната акција за помош на настраданите во трагичниот пожар во Кочани, донирајќи 15 милиони денари преку Црвениот крст на Македонија. Оваа финансиска помош е наменета за поддршка на граѓаните погодени од несреќата и на нивните семејства.

„Со длабока почит кон сите што покажаа хуманост во овие тешки моменти, ја упатуваме нашата поддршка на настраданите. Веруваме дека солидарноста и заедничките напори се клучни во надминувањето на ваквите трагедии“, соопштија од компанијата.

Компанијата упати признание и до здравствените професионалци во земјава, регионот и Европа, кои безрезервно ги ставија на располагање своите ресурси и знаења во спасувањето на животите на повредените.

„Секој несебичен гест и секој вид на поддршка значат многу во вакви моменти. Искрено сочувствуваме со семејствата на жртвите и посакуваме брзо закрепнување на сите повредени“, истакнаа од „Алкалоид“.

Од 16 март, кога се случи трагедијата во Кочани, „Алкалоид“ во неколку наврати донираше медицински производи на здравствените установи во Македонија, во согласност со нивните потреби. „Алкалоид“ најави дека ќе продолжи да помага онаму каде што е најпотребно, во духот на својата традиција на општествена одговорност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Се враќаат 8 пациенти од лекување, 9 се пуштени од болниците во Скопје, 4 критични имаат подобрувања
Следна Статија (Видео) „Помалку ќе се здебелам, спасот е во калинката“: Вучиќ налути многумина со новата снимка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДСМ

Не, нема вистина, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на…

December 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Европа е нашиот единствен пат, треба да разговараме за решенија со кои ќе одиме напред

Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача…

May 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

Најмногу снег во изминатото деноноќие наврна на Попова Шапка 64 сантиметри, во Маврови Анови снежната покривка е 57, во Круешево…

January 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ни автобусите од ЕУ нема да го решат проблемот со јавниот превоз во Скопје

Во јавниот градски превоз во главниот град следната недела треба да се вклучат шест нови еколошки автобуси на компримиран природен…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?