Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Анчелоти обвинет за затајување данок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Анчелоти обвинет за затајување данок
СПОРТ

Анчелоти обвинет за затајување данок

Објавено March 28, 2025 14:14
Сподели
Сподели

Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, се соочува со сериозни обвинувања во Шпанија.

Италијанскиот стручњак следната недела ќе се појави пред суд за затајување данок, а јавниот обвинител тврди дека станува збор за сума поголема од еден милион евра. Анчелоти го негираше обвинението и ќе се брани на суд.

Се очекува Анчелоти да оди на судење на 2 април, каде што ќе треба да ја објасни сумата од 1.062.079 евра, која наводно настанала поради неправилности во даночните пријави за 2014 година (386.361 евра) и 2015 година (675.718 евра). Веќе е запленет неговиот имот во износ од 1.217.958,24 евра, со што долгот е подмирен.

Тренерот на Реал призна дека платил недоволен износ на даноци во 2014 година поради грешка на неговите сметководители, додека во 2015 година негираше какво било кривично дело бидејќи не поминал минимум 183 дена во земјата.

Тоа е стара приказна. Тие веруваат дека сум бил жител во 2015 година, а не сум бил. Казната е платена и сè е сега во рацете на моите адвокати. Верувам во мојата невиност, ќе видиме што ќе одлучат судиите”, изјави претходно Анчелоти.

Шпанското обвинителство бара затворска казна од четири години и девет месеци доколку биде прогласен за виновен.

Само еден ден по судењето, Анчелоти има реванш полуфинален натпревар од Копа дел Реј против Реал Сосиедад.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Пет години сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот
Следна Статија ТИРЗ: Нова потенцијална инвестиција на италијанска компанија во ТИРЗ Штип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Шортс: Исто е дали играм за Париз или за Македонија, ќе се потрудам да помогнам

Репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс подготвен е да им помогне на соиграчите од националниот тим во походот кон Евробаскет 2025. …

February 18, 2025
СПОРТ

Обложувајте се на Европското првенство за жени

Во првото коло од Групата А на Европското првенство кое се одржува во Швајцарија, фудбалерките на Норвешка триумфираа синоќа над…

July 3, 2025
СПОРТ

Дали Гатузо ќе го исполни ветувањето и ќе се исели од Италија?

- Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското…

April 1, 2026
СПОРТ

Македонските фудбалери ја пречекуваат Летонија

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во Лигата на нации. Противник на „црвено-жолтите“ во 5. коло од четвртата група на…

November 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?