Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ахмети: Нема да бидам претседател, ќе станам ветеран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ахмети: Нема да бидам претседател, ќе станам ветеран
ПОЛИТИКА

Ахмети: Нема да бидам претседател, ќе станам ветеран

Објавено June 13, 2026 17:05
Сподели
Сподели

На Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, претседателот на партијата, Али Ахмети изјави дека тие се најорганизираната партија во земјата и регионот, која, како што рече, направила 83 отсто промени во раководството на партијата и 73 отсто промени во раководството на кумановскиот огранок. Ахмети истакна дека оние што ја основале ОНА и ДУИ им отстапиле простор на новите генерации, додавајќи дека тоа било и мотото на ДУИ „да се издигне партија и новите генерации“.

Од поранешните раководители, Ахмети го спомена Садула Дураку, за кого рече дека ќе биде назначен во раководството на комитетот на ветераните, но додаде и дека и тој самиот нема секогаш да биде партиски претседател, туку ќе стане ветеран.

„Ние сме партија, движење, мисија, меѓу најорганизираните и најетаблираните во РСМ и во регионот. Нема политичка сила што прави 83 отсто промена во раководството, 73 отсто во раководството на огранокот. Сите оние што ја основаа ОНА, ја основаа и ДУИ, сега се редат зад 73 отсто млади момчиња и девојки. Кое беше нашето мото? Сите заедно со свест и одговорност дека ДУИ треба да ја издигнеме над нас, да ги издигнеме новите генерации. Не случајно Ули е поставен на чело на комитетот на ветераните. Секако и Садула ќе го направиме.

По тебе доаѓам јас, јас нема да останам партиски претседател. И јас сакам да се постројам кај ветераните и членовите на ДУИ да видат како јас се борам како ветеран“, изјави Ахмети.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јан Облак ја побара раката на Олга Даниловиќ
Следна Статија Балканот извиси: Молдавија и Украина ги почнуваат преговорите со ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Касами против Дехари: Дали ги омекна ставовите за Кичево откако Мицкоски го “искара“?

Билал Касами од ВЛЕН во интервју за Алсат ја коментираше реакција на премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговата изјава…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Подготвени сме за сите изборни сценарија – за локалните, но и за евентуални предвремени парламентарни избори

СДСМ е целосно подготвен за сите можни изборни сценарија – како за редовните локални избори, така и за евентуални предвремени…

April 25, 2025
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Се обврзувам дека во првите 100 дена од мандатот ќе го исчистам Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ ветува дека во првите 100 дена од мандатот…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Претходната Влада оставила пустош, ние ќе обезбедиме подобар развој и модернизација на АРМ, изјави Мисајловски

Предлог буџетот на Министерството за одбрана кое е доставено до Министерството за финансии е да изнесува 2,4 проценти. Следуваат преговори…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?