Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Банките во Македонија треба да се подготват за интегрирање во СЕПА од октомври
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Банките во Македонија треба да се подготват за интегрирање во СЕПА од октомври
ЕКОНОМИЈА

Банките во Македонија треба да се подготват за интегрирање во СЕПА од октомври

Објавено May 16, 2025 11:04
Сподели
Сподели

Пристапувањето кон СЕПА претставува историски напредок на патот кон Европската Унија и потврда за реформите што ги предводеше Народната банка за исполнување на високите европски регулативни барања и стандарди во доменот на плаќањата, констатирале гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Валентина Суперти.

На состанокот, како што соопшти централната банка, било посочено дека Народната банка ќе продолжи да работи на одржување на макроекономската стабилност и на надминување на предизвиците во сите области на дејствување, заради овозможување усогласеност со европските стандарди.

Соговорничките разговарале и за натамошните активности во доменот на пристапувањето кон СЕПА, со што им се овозможува на домашните банки, и покрај тоа што не сме членка на ЕУ, да пристапат до европските платежни системи.

Гувернерката посочила дека централната банка, заедно со банкарскиот сектор работи на обезбедување целосна подготвеност за интегрирање во СЕПА до октомври 2025 година, што е првиот можен датум за влез на банките од земјите од Западен Балкан.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ја запознала директорката Суперти со последните макроекономски показатели коишто упатуваат на зајакната макроекономска стабилност и зајакната стабилност на банкарскиот систем.

Соговорничките искажале задоволство од спроведувањето на проектните активности на Народната банка со поддршка од ЕУ за усогласување со највисоките европски стандарди и регулативи и заложби за продлабочување на соработката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Затворски казни за директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за пожарот во модуларната болница
Следна Статија Меџити: Владата има стабилно мнозинство, и без Таравари имаме 13-14 пратеници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цените на горивата уште долго нема да паѓаат!

ЕУ ги разгледува сите опции, вклучително и рационализирање на горивото и ослободување на повеќе нафта од резервите за итни случаи,…

April 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

САД и Кина го одложија меѓусебното воведување високи царини за 90 дена

Соединетите Американски Држави и Кина одлучија да ги одложат царините за уште 90 дена, додека американските трговци на мало се…

August 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Уште шест нови авиолинии до крајот на годината

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата Само интервју на Канал 5 синоќа најави уште најмалку шест нови…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Наредната недела ќе формираме Координативно тело и официјално почнуваме реализација на Договорот со Велика Британија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва најави дека на почетокот од следната седмица ќе биде формирано Координативно тело…

June 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?