Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Битиќи: Жена е убиена поради институционални слабости
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Битиќи: Жена е убиена поради институционални слабости
ПОЛИТИКА

Битиќи: Жена е убиена поради институционални слабости

Објавено March 5, 2026 16:53
Сподели
Сподели

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на собраниската седница се осврна на трагедиите поврзани со родовото базирано насилство како последица на институционални слабости и вредносна криза во општеството.

„Со оглед на тоа што е Осми март, за жал не можам да започнам со честитка. Оваа седница се случува три дена по трагедијата која ја потресе нашата татковина и нè исполни со горчина. Ужас во кој, поради непрекината низа од институционални слабости, згаснаа два животи, мајка и малолетна ќерка. Кога институциите не ги полниме со политички вредности, ние го држиме отворен понорот во општеството и тој понор не останува празен. Го полниме со човечки животи, со човечка крв, а потоа се обидуваме да го измиеме со солзите на нечии родители, ќерки и синови“, истакна Битиќи.

Тој нагласи дека општеството мора јасно да го именува злото и да се спротивстави на родово базираното насилство.

„Кога жена е убиена поради родово базирано насилство, тоа е фемицид. И ако не умееме да го препознаеме, спречиме и санкционираме, тогаш понорот што го држиме отворен не е случајност, туку последица на нашата вредносна пустина. Ќе се запрашате зошто. Затоа што, функционираме како држава на ’алфа-мажјак, арбитрарна и репресивна, исполнета со политички елити кои својата одговорност ја врзуваат за дискриминацијата и понижувањето, што ја претвора силата во понижување, а различноста во причина за дискриминација.“, рече Битиќи.

Тој предупреди дека во општество во кое доминираат дискриминацијата и понижувањето, жените постојано се принудени да докажуваат дека заслужуваат да бидат слушнати, почитувани и заштитени.

Тој посочи и на економската нееднаквост со која се соочуваат жените, нагласувајќи дека само околу 38 проценти од жените се вработени, додека 57 проценти се економски неактивни, а кај младите жени стапката на вработеност изнесува 27,6 проценти, наспроти 39,3 проценти кај младите мажи.

„Тоа значи дека илјадници девојки влегуваат во животот со однапред поставена пречка, не затоа што се помалку способни, туку затоа што системот им нуди помалку шанси. Мажите заработуваат повеќе од жените за околу 12,8 проценти, односно трудот на жената се вреднува помалку, а државата го толерира тоа“, нагласи Битиќи.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска Давкова: Како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
Следна Статија Обезбедувањето ми го спаси животот, кажа сведок на денешното судење за „Пулс”

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Филипче вчера потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, ама тој не му бил партнер во градбата. Со ова, Филипче…

December 27, 2025
ПОЛИТИКА

Владата ги отфрли документите на СДСМ за Министерството за животна средина и ги оцени како шпекулации

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата…

February 25, 2025
ПОЛИТИКА

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025

На локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат избрани за градоначалнички во…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

Денеска повторени избори во 4 општини во Македонија, право на глас имаат 128.286 граѓани

Во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денес се одржуваат повторни избори за градоначалник, откако во првиот круг од…

January 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?