Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Братислава соопшти дека се обновени испораките нафта за Словачка преку нафтоводот „Дружба“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Братислава соопшти дека се обновени испораките нафта за Словачка преку нафтоводот „Дружба“
СВЕТ

Братислава соопшти дека се обновени испораките нафта за Словачка преку нафтоводот „Дружба“

Објавено April 23, 2026 12:52
Сподели
Сподели

Словачка од изутринава повторно почна да добива сирова нафта преку нафтоводот „Дружба“, соопшти Министерството за економија во Братислава.

„Министерството за економија информира дека во 2:00 часот утрово повторно е воспоставен дотокот нафта во Словачка преку нафтоводот ‘Дружба’“, се наведува во соопштението.

Нафтоводот „Дружба“ стана една од инфраструктурните постројки во Европа со силно политичко значење, откако во јануари беа запрени испораките руска нафта за Унгарија и Словачка. Протокот на нафта низ украинскиот дел од системот беше обновен вчера, што потоа резултираше Унгарија да го повлече ветото на заемот на ЕУ од 90 милијарди евра за Украина.

Киев соопшти дека прекинот на испореките бил неопходен поради поправки на нафтоводот, додека Унгарија и Словачка ја обвинија Украина за намерно одолговлекување на повторното отворање.

Будимпешта и Братислава и натаму зависат од руска нафта и гас и настојуваат да ги одржат испораките, и покрај напорите на Европската унија да го намали увозот руски енергенси по инвазијата на Москва врз Украина во 2022 година.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Артан Груби останува во куќен притвор
Следна Статија Филипче: Пржинската влада мора да остане, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите во Швајцарија

Швајцарците со големо мнозинство го отфрлија предлогот за воведување данок од 50% на наследство од над 50 милиони швајцарски франци…

November 30, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Брутално убиени познат рапер и неговата ќерка, во нив се испукани 20 куршуми

Познатиот тексашки рапер Џ.С. Лил Рони и неговата петгодишна ќерка Р`Mани се брутално убиени во автоперална. Трагедијата се случила среде…

March 8, 2025
СВЕТ

(Видео) Возач со автомобил се залета и уби 35 луѓе пред спортски центар во Кина

Во јужниот кинески град Жухаи 35 лица загинаа, а 43 се повредени кога автомобил удрил во група луѓе пред спортски…

November 12, 2024
СВЕТ

Орбан му ја честиташе победата на Маѓар во Унгарија

Виктор Орбан се обрати пред јавноста откако беа пребројани најголемиот дел од гласовите на изборите. Тој го призна поразот на…

April 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?