Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО
СВЕТ

Британскиот премиер: Европа мора да преземе поголема улога во НАТО

Објавено February 16, 2025 09:50
Сподели
Сподели

Британскиот премиер Кир Стармер нагласи синоќа дека Европа мора да има поголема улога во НАТО и дека неговата земја ќе работи да ги задржи САД и Европа заедно и дека не треба да дозволат поделбите да ги одвратат од „надворешните непријатели“, јави Би-Би-Си.

Коментарот на Стармер дојде откако претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина на Минхенската безбедносна конференција претходно во саботата изјави дека за Европа нема да има место на маса во мировните преговори за Украина.

Се очекува во наредните денови високи претставници од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да започнат мировни преговори со руски и украински преговарачи во Саудиска Арабија.

Франција разговара со своите сојузници за можноста за одржување неформален состанок на европските лидери за Украина, а четворица европски дипломати изјавија дека средбата најверојатно ќе се одржи в понеделник.

Според Би-Би-Си, се очекува Стармер да присуствува на состанокот во Париз.

„Европа мора да преземе поголема улога во НАТО додека работиме со САД за да ја обезбедиме иднината на Украина и да се спротивставиме на заканата од Русија“, рече Стармер, пренесе Би-би-си.

Медиумот, исто така, ја цитираше изјавата на Стармер дека Британија „ќе работи да ги задржи САД и Европа заедно“.

Стармер додаде дека двете земји не можат да дозволат какви било поделби во алијансата да го одвлечат вниманието од надворешните непријатели.

Според Би-Би-Си, Стармер  ќе разговара за ставовите на европските лидери кога ќе го посети Трамп во Вашингтон.

Трамп во петокот рече дека Стармер планира да ги посети САД во наредните недели и дека ќе се сретне со него. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Видео: МекКлунг за историја по трет пат најдобар забивач во НБА
Следна Статија Миноски: Глобалната геополитика, Македонија и инфлацијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп и Путин ќе се сретнат идната недела во Будимпешта

Доналд Трамп изјави дека разговорал со Владимир Путин и дека тој разговор кој траел повеќе од два часа бил „добар…

October 17, 2025
СВЕТ

Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човечноста меѓу луѓето

Прв работен ден за папата Лав Четиринаесетти. Поглаварот на римокатоличката црква ја одржа својата прва голема миса. Ја повика католичката…

May 9, 2025
СВЕТ

Европскиот парламент донесе одлука за целосна забрана на увоз на руски гас

Европскиот парламент го потврди постепеното и целосно прекинување на увозот на руски природен гас до крајот на 2027 година. Новата…

December 17, 2025
СВЕТ

Тајлер Пери и Лионсгејт обвинети за сексуална злоупотреба во тужба од 77 милиони долари

Познатиот режисер и продуцент Тајлер Пери повторно е обвинет за сексуална злоупотреба од страна на актер, при што неговиот адвокат…

December 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?