Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: БЈБ и Царина спречија меѓународен шверц: Двајца приведени на ГП „Богородица“ фатени со 188 килограми марихуанa
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > БЈБ и Царина спречија меѓународен шверц: Двајца приведени на ГП „Богородица“ фатени со 188 килограми марихуанa
ХРОНИКА

БЈБ и Царина спречија меѓународен шверц: Двајца приведени на ГП „Богородица“ фатени со 188 килограми марихуанa

Објавено February 13, 2025 12:57
Сподели
Сподели

Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР  и на Царинската управа, вчера (12.02.2025) на граничен премин Богородица беа запленети 188,6 килограми марихуана, соопштија денеска од МВР, додавајќи дека на тој начин е спречен меѓународен канал за шверц на дрога. Две лица се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Во врска со акцијата, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски на граничниот премин дадоа изјави за медиумите, при што истакнаа дека случајот е резултат на зајакнатата соработка и добро координирани акции на полициските и царинските службеници.

Во заедничка акција која траеше неколку дена покажува дека заеднички можеме во интерес на граѓаните. Криминалното мочуриште што го имаме во државата повеќе нема да го има. Ова не е место за нив. Заеднички координирано со Царинска управа координирано работиме во неколку области. Мора да би да бидеме координирани. Заедно покажуваме дека можеме да работиме силно и успешно за заеднички успеси и превенција на криминалот. Нема место за криминал. Македонија мора да биде на ниво на напредните држави. Системот и законите мора да владеат. Го сузбиваме криминалот и корупцијата на сите нивоа, истакна директорот Јанев.

Царинската управа влезе во траг и спречи меѓународен канал за шверц на дрога. Во заедничка акција со Бирото за јавна безбедност на граничен премин Богородица се запленети 188 килограми и 636 грама наркотична дрога марихуана, која требало да заврши во Турција. Случајот го следиме подолго време, што на крај успешно резултираше со откривање на криминалната мрежа, која требало да оперира низ неколку држави, истакна Николовски.

Сторителите на кривичното дело, двајца возачи, едниот од Тетово, а другиот од кумановско, на 8 февруари влегуваат на Блаце со камион и на 9 февруари со истиот камион, едниот од нив го презема камионот и од место меѓу Куманово и Крива Паланка оди кон Богородица. На граничниот премин е извршена детална контрола на камионот, при што помеѓу компресирана рециклирана хартија во четири бали е пронајдена дрогата. Проценетата вредност на дрогата, информира Николовски, на црниот пазар изнесува 707 илјади евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорот и неколку службени лица во РЕК Битола-Новаци
Следна Статија АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети, уништени 22,3 тони небезбедна храна | ФОТО

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тепачка помеѓу лекари во операциона сала во Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз…

March 12, 2025
ХРОНИКА

Од април до сега уапсени се 56 лица за предизвикување пожари

32 поднесени кривични пријави до сега во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 56 лица. Министерството за…

September 23, 2025

Вереница поднесе тужба против Royal Caribbean поради смртта на нејзиниот избраник

Вереницата на маж кој почина на крузер поднесе тужба за неправедна смрт против Royal Caribbean. Тужбата тврди дека компанијата немарно…

December 11, 2025
ХРОНИКА

Жена во бессознание пренесена во болница, откако ја удрило струја додека чистела низ двор

Вчера во 12.23 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?