Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВАЖНА ВЕСТ: Одложено спроведувањето на пријавите за влез во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ВАЖНА ВЕСТ: Одложено спроведувањето на пријавите за влез во ЕУ
МАКЕДОНИЈА

ВАЖНА ВЕСТ: Одложено спроведувањето на пријавите за влез во ЕУ

Објавено October 10, 2024 20:22
Сподели
Сподели

Европската унија (ЕУ) одлучи да ја одложи имплементацијата на новиот систем за влез/излез (ЕЕС) во Шенген зоната, беше потврдено по состанокот на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ на 10 октомври, објави Радио Слободна Европа.

„10-ти ноември повеќе не е на маса. Се надевам дека ќе започнеме што е можно поскоро, но засега нема нова временска рамка“, потврди еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, по министерскиот состанок.

Таа рече дека Германија, Холандија и Франција им потврдиле на европските институции дека не се подготвени да почнат со имплементација на овој систем, што меѓу другото е и причината за доцнењето.

Овој систем требаше да се имплементира на 10 ноември.

Тоа е автоматизиран ИТ систем за регистрација на патници од трети земји, и оние со краткорочни визи и оние без виза, секој пат кога ќе ја преминат надворешната граница на ЕУ.

Системот треба да го регистрира името на лицето, видот на патната исправа, биометриските податоци (отпечатоци од прсти и фотографија) и датумот и местото на влез и излез, со целосно почитување на основните права и заштитата на податоците.

Системот е воспоставен во ноември 2017 година, а неговата имплементација неколкупати се одложува.

Примената на системот требаше да се однесува на граѓаните од околу 60 земји, вклучително и земјите од Западен Балкан, за нивен влез во Европската унија и Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, кои се членки на Шенген зоната.

Пасошите во сите земји од Западен Балкан се биометриски, чиповите содржат отпечатоци од прсти и фотографии и целосно се усогласени со условите што ги бара ЕУ за земјите од Западен Балкан да добијат безвизен режим.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лефков: Предлозите на СДС за затворени седници се несериозни
Следна Статија И Германија се „побалканчи“: Пет години не одел на работа, а земал плата и заработил 600.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен од денес на турнеја низ Западен Балкан, во среда ќе пристигне во Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен денеска од Тирана ја почнува својата тридневна турнеја низ земјите од регионот…

October 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Жителите на Маџир Маало житеат во услови кои не доликуваат на 21 век

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Никоклоски денес беше во посета на Маџир Маало заедно со кандидатот за градоначалник за…

October 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Одговорните не смее да ги избегнат правото, правдата и казната

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова попладнево во обраќање до јавноста по трагедијата во Кочани порача дека не е време…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето почнува ноќеска во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и…

March 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?