Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Веќе нема пари на рака: Брзите кредити ќе се добиваат преку сметка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Веќе нема пари на рака: Брзите кредити ќе се добиваат преку сметка
ЕКОНОМИЈА

Веќе нема пари на рака: Брзите кредити ќе се добиваат преку сметка

Објавено June 13, 2026 17:13
Сподели
Сподели

Финансиските друштва веќе нема да исплаќаат пари во готово, а ќе се воведат и задолжителни внатрешни тела во секое финансиско друштво, како одбор за внатрешна ревизија, одбор за кредитен ризик, надзорен одбор… Ова се предвидува со измени и со дополнувања на Законот за финансиски друштва, со кои значително ќе се заострат условите за работа на компаниите што одобруваат брзи кредити. Новите законски решенија, освен поголем надзор и повисоки стандарди за работење, предвидуваат и дополнителни механизми за заштита на граѓаните, откако контролите покажале низа слабости и неправилности во работењето на дел од финансиските друштва.

Дополнително, отворањето нови деловни простории ќе биде можно само со претходна согласност од Министерството за финансии и исполнување на прецизно утврдени критериуми. Измените предвидуваат и зголемување на основната главнина на финансиските друштва, како и целосно укинување на готовинските исплати на кредити. Во иднина, кредитните средства ќе можат да се исплаќаат исклучиво преку банкарска сметка, со што ќе се овозможи поголем увид на финансиските трансакции и ќе се намали можноста за злоупотреби.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изјави дека законските измени се подготвуваат по спроведените контроли со кои биле утврдени слабости и непрецизности во постојната регулатива.

– По спроведените контроли, утврдивме одредени слабости и непрецизности во постојната регулатива, кои оставаат простор за различни толкувања и практики. Затоа пристапуваме кон заострување на критериумите и воведување поголем надзор, вклучително и задолжителни внатрешни одбори и ограничување на готовинските исплати. Целта е поголема заштита на граѓаните и стабилно функционирање на секторот, изјави министерката.

Според неа, досегашните контроли резултирале со констатирани неправилности, а во одредени случаи биле преземени и најстроги мерки, меѓу кои и одземање лиценци за работа. Дел од постапките биле иницирани и по претставки од граѓани.

Покрај заострувањето на условите за работа, финансиските друштва ќе мора да се откажат и од агресивните маркетиншки кампањи кои создаваат впечаток дека кредитите се едноставна и безризична финансиска услуга. Министерството веќе најави ограничувања за рекламни пораки како „пари веднаш“, „кеш за минута“ или „продавница за пари“, оценувајќи дека тие можат да ги доведат потрошувачите во заблуда и да поттикнат импулсивно задолжување.

Ова следува по надзорите во кои инспекторите откриле случаи на рекламирање кредити со нулта каматна стапка, додека во договорите со клиентите биле вклучени дополнителни трошоци и надоместоци кои не биле јасно истакнати во рекламите.

Со новите законски измени, Министерството за финансии очекува значително зајакнување на надзорот врз финансиските друштва, поголема транспарентност во нивното работење и повисоко ниво на заштита на граѓаните кои користат брзи кредити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Случаен минувач спасил возрасен маж кој се давел во Вардар
Следна Статија Албанската „Фламинго револуција“: Урнати оградите околу одморалиштето на Џаред Кушнер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Средба Ангеловска-Бежоска − Стамнова: Со Единствениот регистар на сметки ги воспоставуваме најдобрите европски практики

Со реформите направени во изминатиот период преку донесувањето нови закони и подзаконски акти во платежната сфера и во сферата на…

December 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нередовното читање на струјомерите оди на штета на граѓаните, а ЕВН профитира

Здружението на инженери на Македонија, поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување…

March 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата не стивнува: Нов пораст на трошоците на живот за скоро 5 отсто

Инфлацијата во Македонија не стивнува, а најновите податоци на Државниот завод за статистика за март 2026 година покажуваат нов пораст…

April 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да пораснат по намалувањето на каматните стапки од страна на ФЕД

Растот на акциите поттикнат од намалувањето на каматните стапки и оптимистичкиот економски поглед на претседателот на ФЕД Џером Пауел беше…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?