Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Автомобил влета во толпа луѓе и уби најмалку 10-мина – трагедија на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Автомобил влета во толпа луѓе и уби најмалку 10-мина – трагедија на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс
СВЕТ

(ВИДЕО) Автомобил влета во толпа луѓе и уби најмалку 10-мина – трагедија на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс

Објавено January 1, 2025 17:20
Сподели
Сподели

Десет лица се убиени, а повеќе од 30 се повредени во Њу Орлеанс, кога возило влетало во улица преполната со луѓе три часа по Новата година. Улицата „Бурбон“ во Француската четврт, една од најпознатите улици во Њу Ореланс, била преполна со луѓе кои сè уште го славеле дочекот на 2025 кога, според очевидците, возилото влетало во насобраните, по што возачот наводно излегол од возилото и почнал да пука со оружје кон луѓето кои панично бегале. Полицијата сè уште не потврдила дали било возачот пукал во насобраните.

„Настанот се случил околу 3.15 часот, во кој бил инволвиран возач со возило пик-ап кој со голема брзина влетал во улицата Бурбон, што го направил со јасна намера. Тој се обидел да прегази што е можно повеќе луѓе“, изјави Ан Киркпатрик, шефицата на полицијата на Њу Ореланс.

Tonight's Terrorist Attack on Bourbon St in New Orleans pic.twitter.com/No6hmXrpH6

— God-fearing Atheist (@FearingAtheist) January 1, 2025

Повредените се пренесени во пет болници низ градот, откако се здобиле со повреди од нападот. Според полицијата, бројот на повредени може да биде и поголем од 35, бидејќи сè уште си пријавуваат повредени во сите болници во областа. Меѓу повредените има и еден полицаец.

Градоначалничката на Њу Орлеанс, Латоја Кантрел, нападот го оквалификува како „терористички“ и ги замоли граѓаните да не се приближуваат до местото на инцидентот.

„Она што го знаеме дека градот Њу Ореланс беше погоден од терористички напад. Ја молам јавноста да се држи осум блока понастрана од улицата Бурбон“, изјави Кантрел.

Очевидците од околните барови велат дека виделе како камионет со голема брзина влетува во луѓето кои биле на улицата по што слушнале истрели. Тогаш почнале да трчаат и да се кријат под масите, по што дошла полицијата. Кога им било дозволено да излезат надвор, морале да минат покрај телата на убиените и повредените во нападот.

Инцидентот, освен што се случил на крајот од новогодишните прослави во Њу Орлеанс, кога сè уште имало многу луѓе по улиците, се случил и само неколку часа пред почетокот на четвртфиналниот натпреват во америикански фудбал во лигата на колеџите, на кој се очекувале да има илјадници гледачи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се верува дека 1 јануари ја одредува целата година, а еве како да привлечете среќа
Следна Статија Во Холандија убиено 14-годишно момче, повеќе од 200 уапсени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп ја поздрави иницијативата на Зеленски за подобрување на односите

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази поддршка за напорите на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги подобри односите меѓу двете земји,…

March 5, 2025
СВЕТ

ДЕТАЛЕН ВОДИЧ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО АМЕРИКА: Што се „свинг“ држави и како тие може да ги одлучат претседателските избори

Изборите во Америка, како и во претходните изборни циклуси, така и оваа година ќе ги одбележат таканаречените „свинг“ држави, односно…

November 2, 2024
СВЕТ

(Видео) Камала го прогласи Трамп за победник на изборите: републиканците ги поздравија нејзините зборови со овации

Конгресот на Соединетите Американски Држави и официјално ја потврди победата на новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп на ноемвриските избори над…

January 7, 2025
СВЕТ

Најмалку 48 загинаа додека чекаа ред за помош во Газа, стравувањата од масовно гладување растат

Најмалку 48 Палестинци беа убиени во израелски напад во текот на ноќта додека чекаа во ред за хуманитарна помош, според…

July 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?