Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО): Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО): Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа
СВЕТ

(ВИДЕО): Парада на Црвениот плоштад во Москва, Путин рече дека верува во победа

Објавено May 9, 2026 11:12
Сподели
Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е уверен во победа, додека ја надгледуваше воената парада на Црвениот плоштад по повод поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна.

Безбедноста во Москва беше засилена додека Путин и неколку странски лидери присуствуваа на парадата по повод Денот на победата.

Путин ги поздрави руските војници кои се борат во Украина, велејќи дека тие „се соочуваат со агресивна сила вооружена и поддржана од целиот НАТО блок“.

„Победата отсекогаш била и ќе биде наша“, рече Путин пред војниците на Црвениот плоштад.

„Клучот за успехот е нашата морална сила, храброст и смелост, нашето единство и способност да издржиме се и да го надминеме секој предизвик“, рече рускиот претседател.

Во Русија, фокусот е на прославата на Денот на победата во Втората светска војна, а оваа година, за првпат по речиси две децении, парадата се одржа без тенкови, ракети и друго тешко оружје, освен традиционалното прелетување на борбени авиони.

Малезискиот крал Султан Ибрахим Искандар, претседателот на Лаос Тонглун Сисулит, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзоев и белорускиот лидер Александар Лукашенко требаше да присуствуваат на свеченостите во руската престолнина.

Роберт Фицо, премиерот на Словачка, членка на Европската Унија, требаше да се сретне со Путин и да положи цвеќе на Гробот на незнајниот војник веднаш пред ѕидините на Кремљ, но не планираше да присуствува на парадата на Црвениот плоштад.

 

.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот
Следна Статија ДУИ: Бурим Латифи ја призна штетата од 6 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Русија го стопира транспортот на казахстанска нафта кон Германија преку „Дружба“

Русија од мај повеќе нема да транспортира нафта од Казахстан до Германија преку нафтоводот „Дружба“, соопшти рускиот вицепремиер Александар Новак.…

April 22, 2026
СВЕТ

Трамп: Храбриот Зеленски се снаоѓа прилично добро во војната со Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп во средата упати пофалби за Володимир Зеленски, нарекувајќи го својот украински колега „храбар“ и изјавувајќи…

June 25, 2026
СВЕТ

Трамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат задолжителна вакцинација на учениците против Ковид-19

Училиштата, колеџите и сојузните американски држави кои бараат од учениците да се вакцинираат против Ковид -19 ризикуваат да го изгубат…

February 15, 2025
СВЕТ

(Видео) Астронаутите Овчинин, Вагнер и Петит успешно слетаа по 6 месеци поминати во Вселената

Руско-американскиот вселенски екипаж, кој повеќе од шест месеци престојуваше на Меѓународната вселенска станица, денеска се врати на Земјата со вселенскиот…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?