Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Реал прими четири гола, но избори пласман во финалето на Купот на кралот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > (Видео) Реал прими четири гола, но избори пласман во финалето на Купот на кралот
СПОРТ

(Видео) Реал прими четири гола, но избори пласман во финалето на Купот на кралот

Објавено April 2, 2025 09:14
Сподели
Сподели

Фудбалерите на Реал Мадрид и Реал Сосиедад одиграа спектакуларен натпревар во реванш полуфиналето на Купот на кралот, По 120 минути игра натпреварот заврши без победник 4:4.

Кралскиот“ клуб“ се пласира во финалето, благодарение на минималниот триумф (1:0) во првиот натпревар одигран во Сан Себастијан.

Мадриѓаните беа над амбисот во финишот на регуларниот дел, имаа минус од два гола, но успеаја да се вратат во рок од четири минути. Сепак, капитенот на гостите Микел Ојарзабал во судиското надополнување (93.минута) обезбеди продолженија за баскискиот тим.

Херој на домашниот тим беше Антонио Ридигер, кој постигна гол во 115. минута и со тоа му обезбеди финале на Реал, кој таму ќе го чека победникот од пресметката Барселона-Атлетико (4:4).

Андер Баренечеа со гол во 16. минута најави фантастичен натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а Ендрик го израмни резултатот пред паузата.

Сосиедад притискаше за ново водство и за краток период постигна два гола, пред се благодарение на Давид Алаба.

Австрискиот репрезентативец си постигна автогол во 72. минута, додека во 80. минута кога шутираше Микел Ојарзабал, топката удри во неговата нога и го измами Андриј Луњин.

На Реал не му требаше многу време да возврати. Во 82. минута Винисиус одлично мина по левата страна, го пронајде Џуд Белингем, кој само ја постави ногата и ја затресе мрежата на гостите. Резултатот го изедначи Чуамени, кој во 86. минута со глава погоди поцентаршутот на Родриго и благодарение на кастрофалната реакција на Алекс Ремиро.

Драмата не заврши тука. Петтиот гол за само 21 минута го постигна капитенот на Сосиедад, Микел Ојарзабал, по центаршутот на Серхио Гомеш.

Реал можеше да ги избегне продолженијата, Белингем шутираше со глава, но Ремиро со одлична парада ја надомести лошата реакција кога го прими третиот примен гол.

Сосиедад некако одолеа на нападите на Реал во првото продолжение, но не и во второто. Антонио Ридигер со глава ги постави конечните 4.4 по корнерот на Арда Ѓулер во 115. минута.

Финалето на Купот на кралот е закажано за 26 април на „Картуха“ стадионот во Севилја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата ќе набавува 120 еколошки автобуси, 80 за Скопје
Следна Статија Млад човек извлечен жив од урнатините пет дена по разорниот земјотрес: бројот на загинати во Мјанмар се искачи на 2.886

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Аталанта среде Торино му одржа час по фудбал на Јувентус

Фудбалерите на Аталанта на Јувентус му одржаа фудбалска лекција во Торино, кој изгледаше како тим кој се бори за опстанок,…

March 10, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ со победа го прослави роденденот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Женева. Ѓоковиќ го победи Италијанецот Матео Арналди во…

May 22, 2025
СПОРТ

(Видео) Двајт Хауард се тепаше на баскет

На почетокот од новата сезона во кошаркарската лига „BIG3“ во САД, се случи тепачка, која фрли сенка врз овој спектакл…

June 15, 2025
СПОРТ

Дончиќ потпиша нов договор со Лејкерси

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс. Дончиќ потпиша договор вреден 165 милиони долари за три…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?