Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара
СВЕТ

(Видео) Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Објавено May 15, 2025 12:54
Сподели
Сподели

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Рускиот претседател Владимир Путин предложи директни преговори со Украина во Истанбул во неделата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денес во турската престолнина Анкара на средба со турскиот шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган, а во Истанбул рускиот и украинскиот лидер чекаат одделно да почнат преговорите.

Авионот на украинскиот претседател слета на аеродромот „Есенбога“ во Анкара и е закажана средба со Ердоган напладне.

Зеленски претходно оваа недела изјави дека е подготвен да разговара само со Путин предизвикувајќи го да дојде во Истанбул ако е доволно храбар.

Кремљ одговори дека Русија не се согласува со ултиматуми. Двете страни последен пат имаа директни разговори во март 2022 година, исто така во Истанбул, само неколку недели откако Путин нареди напад врз Украина.

Двете страни се обидуваат да му докажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се сериозни во врска со мировните напори.

Американскиот претседател моментно е на турнеја на Блискиот Исток, а изјави дека ќе дојде во Турција еден ден подоцна „доколку тоа би било соодветно“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кошта ни порача дека мора да се исполни тоа што е ветено во 2022 година, но знае колку тоа е тешко
Следна Статија Четири пратеници на Таравари остануваат со мнозинството?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во Израел е побарана истрага за сопругата на Нетанјаху

Јавниот обвинител на Израел и нареди на полицијата да отвори истрага против сопругата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради сомневање дека…

December 27, 2024
СВЕТ

Америка предупредува да не се патува на Кипар

Американскиот Стејт департмент издаде официјално предупредување до своите граѓани да не патуваат на Кипар. Го наведе зголемениот ризик од ширење…

March 4, 2026
СВЕТ

Украинците на Крим соборија руски воени авиони вредни 70 милиони долари

Дронови со долг дострел на Специјалниот центар „Алфа“ на Безбедносната служба на Украина (СБУ) извршија напад синоќа врз рускиот воен…

December 20, 2025
СВЕТ

Мигрантите на кои нема да им даде азил Британија сака да ги испраќа на Балканот

Велика Британија размислува да испрати бегалци одбиени за азил во балканските земји. Како што наведува „Тајмс“, повикувајќи се на извори,…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?