Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Виножито“ седум години бара од Вселенскиот патријарх Вартоломеј богослужбите во Грција да бидат на македонски јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > „Виножито“ седум години бара од Вселенскиот патријарх Вартоломеј богослужбите во Грција да бидат на македонски јазик
БАЛКАН

„Виножито“ седум години бара од Вселенскиот патријарх Вартоломеј богослужбите во Грција да бидат на македонски јазик

Објавено May 13, 2026 10:37
Сподели
Сподели

Седум години партијата на етничките Македонци во Грција Виножито чека на одговор од вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивното писмо во кое се бара да се воведат богослужби на македонски јазик во дел од црквите во северниот дел на Грција.

Писмото било испратено уште на 6 март 2019 година. Македонците од Грција бараат во дел од црквите во северна Грција богослужбите да се одржуваат на современ македонски јазик.

За писмото денеска на својот фејсбук профил потсети Павле Воскопулос – Филипов, еден од лидерите на Македонците во Грција.

„Како православни христијани, етнички Македонци во Грција, бараме во нашите цркви да може да се применува и нашиот мајчин современ македонски јазик, кој припаѓа на поширокото семејство на јужнословенските јазици чија азбука е измислена во 9 век во Солун, од светите Кирил и Методиј“, пишува во писмото кое Виножито, партијата на Македонците во Грција го испрати до цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Виножито потсетува на грчката репресија од почетокот на минатиот век во однос на преименувањето на македонските села, на прогоните, на насилната промена на личните имиња, на уривањето на македонските православни храмови, на уништувањето на натписите на кирилица…

„По ратификацијата на Преспанскиот договор меѓу Република Грција и Република Македонија, ние веруваме дека дојде време да се стави крај на неправдата врз домородното македонско малцинство, македонските православни христијани, етнички Македонци на територијата на Грција, за да можеме да си ги извршуваме нашите верски должности на нашиот јазик… Сакаме нашите луѓе да можат да пеат и да слушаат молитви на нашиот мајчин современ македонски јазик и да ги крштаваат нашите деца со нашите традиционални имиња – Зора, Софка, Стојанка, Борис, Златан, Дора, Стојко, Томе, Борка, Гоце, Велика, Кирил, Славе, Трајко, Стојан, Петко, Цвета, Трајчо, Трајанка, Ристо, Петко…“, се вели во писмото на Виножито до цариградскиот патријарх Вартоломеј.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕСМ ќе се жали на одлуката на обвинителството за мазутот за ТЕЦ Неготино
Следна Статија Илон Маск е меѓу бизнис лидерите што пристигнаа со Трамп во Кина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Дедо Мраз во Сараево се „заглавил“ на покривот на градинката, му помогнала спасувачка екипа

Екипата на планинската спасувачка служба (ГСС) Нови Град Сараево денеска имала несекојдневна интервенција во една сараевска градинка. Имено, утринава екипа…

December 31, 2024
БАЛКАН

Вучиќ понуди Србија да биде домаќин на средбата Трамп-Путин: „Мислам дека тоа би им одговарало и на двајцата“

Вучиќ изјави дека Србија е „земјата во која Трамп има најголема поддршка во цела Европа“, нагласувајќи ја и популарноста на…

January 13, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Се урна таван во молот „Космос“ во Солун, интервенираше итна помош

Инцидент се случи во трговскиот центар „Космос“ во Солун, еден од моловите кои често ги посетуваат и голем број македонски…

January 11, 2026
БАЛКАН

„Сите Грци ќе ги собере под една маслинка“- алармантен апел на грчките демографи

Бројот на жители во Грција во последните години драстично се намалува, а нискиот наталитет е проблем со кој земјата ќе…

October 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?