Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА

Објавено March 27, 2025 16:28
Сподели
Сподели

„Со влезот на земјата во СЕПА, преносот на парични средства во евра дополнително ќе се поедностави и ќе се забрза, овозможувајќи им на граѓаните преку користење на своите мобилни апликации да ги извршуваат плаќањата во евра на лесен начин со внесување минимален сет податоци во платниот налог. Трошоците за пренос на паричните средства во евра ќе се намалат имајќи предвид дека во СЕПА првенствено се применува принципот на поделба на трошоците, односно плаќачот ги намирува трошоците кон сопствената банка, а примачот ги презема трошоците на својата банка. Во моментов, многу често во преносот на паричните средства се вклучени повеќе странски кореспондентни банки коишто наплатуваат дополнителни трошоци, поради што тие паѓаат на товар на плаќачот и ги зголемуваат вкупните трошоци на плаќањето. Во иднина, овие дополнителни трошоци за плаќањата во евра во СЕПА ќе бидат елиминирани“. Ова го посочи вицегувернерката Емилија Нацевска во интервју за „Банкарство“.

Народната банка веќе презема активности за олеснување на извршувањето и на приливните плаќања. Вицегувернерката Нацевска истакна дека се работи на приспособување на подзаконската регулатива со што ќе се овозможи приливите од странство да се ставаат на располагање на платежната сметка на примачот веднаш, а најдоцна следниот работен ден.

„Банките ќе ги приспособат своите информациски системи со цел да им овозможат на граѓаните и на компаниите олеснето електронско иницирање на прекуграничните плаќања во евра со користење на електронското и мобилното банкарство. Секако, банките ќе ги овозможат овие услуги и на шалтерите за клиентите кои го претпочитаат овој начин на извршување на плаќањата, иако сѐ повеќе се тежнее кон електронско извршување на плаќањата“, кажа Нацевска која истакна дека банките треба да ја прикажат својата правна, оперативна и техничка подготвеност во барањето за пристап до платните системи во СЕПА. Ова барање треба секоја банка да го поднесе засебно до Европскиот совет за плаќања, најдоцна до 22 август 2025 година.

Вицегувернерката Нацевска нагласи дека доколку банката ги исполнува предвидените правни, технички и оперативни услови по оцена на Европскиот совет за плаќања ќе ѝ биде овозможено да извршува плаќања во евра во СЕПА почнувајќи од 5 октомври 2025 година, од кога граѓаните и компаниите ќе можат да ги почувствуваат погодностите од членството во СЕПА, односно побрзи, поедноставни и поевтини прекугранични плаќања во евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка
Следна Статија Дачиќ: Интерпол се уште нема издадено потерници за Додик и Стевандиќ, тие се српски државјани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

На постарите од 60 години да им се овозможи да работат, но не задолжително, вели Рита Колумбиа од Обединети нации

Прашањето за старосната граница за заминување во пензија треба сеопфатно да се разгледа. На лицата над 60 години дефинитивно треба…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Градиме нови автопати, создаваме модерни транспортни коридори- Николоски ја презентираше амбициозната агенда за развој на инфраструктурата

Започнавме амбициозна агенда за инфраструктурен развој со цел да ја искористиме стратешката позиција како крстосница на Балканот за да донесеме…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи

Владата денеска на седница треба да ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржите во трговијата на мало и големо.…

February 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски и Трајановски на терен во надзор над работата за изградба на автопатот Охрид-Кичево

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во…

June 15, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?