Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски
МАКЕДОНИЈА

Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Објавено February 11, 2025 16:52
Сподели
Сподели

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. 

Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева.„Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, рече Митева.

Како причини за ваквата одлука е последниот Индекс за корупцијата на „Транспаренси интеренешенел“ според кој Македонија падна за 12 места подолу на скалата во однос на 2023. Како причина се наведува и последното именување за вршител на должноста шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, кое, според Владата е незаконско.

Според Законот за јавно обвинителство, републичкиот обвинител го избира и разрешува Собранието, а го предлага Владата од оние кандидати за кои добила позитивно мислење од Советот на јавни обвинители.

Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години, а Коцевски беше избран на оваа позиција пред една година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дневен хороскоп за Рак – вторник, 11 февруари 2025
Следна Статија Дневен хороскоп за Лав – вторник, 11 февруари 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен чекор…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка по повод големиот христијански празник Божик, посакувајќи им на верниците мирни и весели…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски по повод 8 Септември: Вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски упати честитка до сите граѓани по повод Денот на независноста – 8 Септември. –…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Давос: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура, се развиваат проекти за производство на електрична енергија

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен…

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?