Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ, граѓаните плаќаат скапа струја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ, граѓаните плаќаат скапа струја
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ, граѓаните плаќаат скапа струја

Објавено November 24, 2024 10:21
Сподели
Сподели

Нема област во која во владеење на СДС и ДУИ не преовладувал нивниот бизнис интерес, на место интересот на државата и граѓаните. Како и се што уништија во државата, СДС и ДУИ за свои лукративни интереси го девалвираа и уништија и енергетскиот сектор. Поради нивите бизнис интереси со цел големи профити, направија граѓаните да плаќаат поскапа електрична енергија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поскапата струја која што ја плаќаат граѓаните, како и финансиските проблеми на некогаш најпрофитабилното македонско претпријатие, ЕСМ е последица на седум годишното криминалното и недомаќинско работење на кадрите на СДС и ДУИ.

Дека тоа е така може да се споредат сумите во различни периоди. На пример, во 2017 година кога со ЕСМ раководеше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски просечната цена за еден мегават час електрична енергија беше 33 евра, а сега истата изнесува 133 евра за мегават-час.

Освен ова, во периодот кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ, производната цена за електрична енергија се намалила за 25% во однос на претходната.

Ова само покажува одговорно и домаќинско работење, што не е случај со изминатото седумгодишно раководство кое мислело на само на свои бизнис и лукративни интереси.

И со секоја следна година од доаѓањето на власт на СДС и ДУИ, цената на произведената електрична енергија по мегават-час постојано растеше, за годинава да достигне рекордни 133 евра.

Една од причините за енормниот раст на цената на струјата е не ископот на јаглен и скапо увезениот. И тоа најверојатно се направило за да се им овозможи на одредени компании блиски до СДС и ДУИ, да увезуваат јаглен и со тоа да остварат големи профити.

Бизнис интересот и лакомоста за големи профити на СДС и ДУИ ги плаќаме сите ние, преку поскапа цена на струјата.

Можеби ќе треба време за да се намали цената на струјата, но преку посветено, одговорно и домаќинско работење на новото раководство на ЕСМ тоа ќе се постигне.

Набрзо од денес енергетскиот систем во Македонија ќе биде целосно консолидиран и вратен во нормална состојба, што ќе доведе и до пониски цени на електричната енергија, стои во партиското соопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ на Конгрес ќе бира ново партиско раководство
Следна Статија Путин им ги прости долговите на војниците што учествуваат во војната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Одговорноста за нарко скандалот со пет тони дрога и за запленетата марихуана е во врвот на власта

Од СДСМ велат дека одговорноста за нарко скандалот со пет тони дрога и за запленетата марихуана е во врвот на…

February 14, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Веќе сега во буџетот недостигаат две милијарди евра

Изборите ќе се случат во оној момент кога нема да има повеќе пари во касата за нови тендери за Мицкоски…

March 13, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ДУИ сака да ја дефокусира јавноста, да го заштити криминално стекнатиот капитал

Владата нема да дозволи дефокусирање на јавноста од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ), која сака да го заштити…

December 13, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи

Македонија е опфатена во одлуката на САД за суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои…

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?