Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и од менторот Заев, кој без трошка срам тврдеше дека Македонците и Бугарите биле „с’шт народ“?!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и од менторот Заев, кој без трошка срам тврдеше дека Македонците и Бугарите биле „с’шт народ“?!
ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Филипче јавно да се огради и од менторот Заев, кој без трошка срам тврдеше дека Македонците и Бугарите биле „с’шт народ“?!

Објавено January 9, 2025 21:20
Сподели
Сподели

Добро е што Венко Филипче, после години громогласен молк и оправдување на политиките на СДС кои директно ја поткопуваа македонската државност, конечно се осмели макар и лажно да направи било каков чекор во одбрана на националните интереси. Меѓутоа, вистинската искреност бара не само зборови, туку и извинување и преземање одговорност за сите предавства на СДС изминативе седум години, се вели во одговор на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук објавата на Венко Филипче.

Очекуваме Филипче, во име на СДС, јавно да се извини и за:
– Откажувањето на оваа партија од македонскиот идентитет и јазик преку договорите кои директно ги загрозија македонските национални интереси.
– Врските на СДС со ДУИ, кои резултираа со масовен криминал, корупција и грабеж на државните ресурси.
– Грабежот и богатењето за време на ковид пандемијата, кога како министер за здравство дозволи огромни злоупотреби на јавните средства, со што се вброи меѓу профитерите кои се богатеа додека народот страдаше.

Филипче треба да покаже искреност и јавно да се огради и од неговиот ментор Зоран Заев, кој среде Скопје, без трошка срам тврдеше дека Македонците и Бугарите биле „с’шт народ“?!

Дали тој сè уште го дели ова мислење на „Фамилијата Заеви“ или, можеби, конечно тој решил да се оддалечи од овие разорни предавнички политики?

Народот нема да заборави и дека токму СДС и Венко Филипче беа главните вазали на ДУИ, кои заедно ја уништуваа иднината на Македонија. Колку и да се обидуваат да ги променат своите лица пред јавноста, македонскиот народ е свесен за нивните лаги и предавства.

Време е за нова страница во македонската политика, страница каде ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги брани македонските интереси, достоинството и иднината на сите граѓани, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тројца Македонци провалувале во станови во Хрватска, краделе накит, пари и вредни предмети
Следна Статија Шахистот Каспаров испрати порака до Путин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Герасимовски води во Центар

Според неофицијални извори од партиските штабови, на локалните избори во Центар предност има актуелниот градоначаник Горан Герасимовски пред кандидатот на…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Граѓаните ќе одлучат кој ќе ги води следните четири години во општините во кои живеат

Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Ги повикувам луѓето да излезат во…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Се водат интензивни преговори со 3-4 пратеници од НАИ: Се проширува ли владејачкото мнозинство по јануари?

Пратеникот и шеф на изборниот штаб на Вреди, Аднан Азизи, вчера најави дека по локалните избори во Гостивар и Врапчиште…

November 14, 2025
ПОЛИТИКА

Тренчевска: ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани за Кривичниот законик, членот 353 остана избришан

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, обвини дека коалицијата ВМРО-ЗНАМ на денешната комисиска расправа ги одбила сите амандмани поднесени…

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?