Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Внимавајте ако патувате во Грција: Објавена мапа за рибата зајак
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Внимавајте ако патувате во Грција: Објавена мапа за рибата зајак
БАЛКАН

Внимавајте ако патувате во Грција: Објавена мапа за рибата зајак

Објавено July 9, 2026 12:12
Сподели
Сподели

Грчките власти објавија интерактивна дигитална мапа на Гугл, на која се следи појавата и ширењето на опасната риба зајак, позната и како Lagocephalus sceleratus. Станува збор за инвазивен вид за кој летово се зголемува вниманието, особено поради неговото присуство во грчките води.

Мапата ги покажува местата каде што досега е регистрирана оваа риба, која се смета за исклучително опасна. Lagocephalus sceleratus е распространет во тропските води на Индискиот и Тихиот Океан, како и во западниот Медитеран. Видот е присутен и долж бреговите на Израел, јужна Турција и Кипар.

Во Грција, рибата првпат била забележана во југоисточниот дел на земјата, главно во околината на Родос, Крит и Додеканезите. Денес, според објавените податоци, ја има речиси низ целото Егејско Море, но и во голем број делови од Јонското Море.

Експертите апелираат пливачите да не ја допираат рибата доколку ја забележат во морето. Посебно предупредување има и за рибарите – рибата не смее да се консумира, бидејќи термичката обработка не го уништува смртоносниот токсин што го содржи.

Поради зголемениот број пријави поврзани со рибата, но и поради штетата што ја предизвикува врз екосистемот и риболовната опрема, грчкото Министерство за земјоделски развој и храна воведе пилот-програма за субвенционирање на професионалните рибари.

Според програмата, на рибарите им се исплаќаат 5,33 евра за секој килограм уловена риба-зајак.

Грција почна да поставува и пловечки заштитни бариери на популарни плажи во регионот Евбеја. Со ова, властите се обидуваат да ја зголемат безбедноста на пливачите во екот на летната сезона.

Надлежните очекуваат дека бариерите ќе го намалат ризикот од средби меѓу капачите и оваа опасна морска риба, а туристите и локалните жители ќе можат побезбедно да уживаат во морето за време на најпосетениот период од годината.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром
Следна Статија Еди Рама се врати во белите патики (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Кoнтрасобири во Србија: Ќе протестираат поддржувачите на СНС во 40-на градови

Лојалистите на Александар Вучиќ и на Српската напредна странка најавија собири за вечерва на речиси 50 локации во државата. Протести…

August 20, 2025
БАЛКАН

Од каде ѝ се куќите на Захариева во Бугарија и на Халкидики, се прашуваат европратеници

Две куќи во сопственост на кандидатката за еврокомесарка за истражување и иновации, Екатерина Захариева и на нејзиниот сопруг Ангел Захариев,…

October 6, 2024
БАЛКАН

Парламентот ја изгласа новата влада на Словенија, предводена од Јанша

Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа…

June 4, 2026
БАЛКАН

Општина во Далмација дава речиси 8.000 евра за првороденче, во Вир исплаќаат 26.000 за петто дете

Општина Сали на Дуги оток во Хрватска повторно е водечка годинава по субвенции за прво и второ дете, со 7.963…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?