Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВО ЖИВО:Благодaтниот оган во Ерусалим посилен од војната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > ВО ЖИВО:Благодaтниот оган во Ерусалим посилен од војната
СВЕТ

ВО ЖИВО:Благодaтниот оган во Ерусалим посилен од војната

Објавено April 11, 2026 14:26
Сподели
Сподели

Во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим и денеска се појави Благодатниот оган, едно од чудата во православието што секоја година се случува на Велика сабота пред Воскресението Христово – Велигден.

Благодатниот оган се спушти во кувуклијата – параклисот над Светиот гроб, каде што според црковните преданија, бил погребан Исус Христос, откако православниот ерусалимски патријарх Теофил III влезе да се помоли.

Годинава беше неизвесно како ќе се одвива чинот на слегувањето на Благодатниот оган, имајќи предвид дека Храмот на Христовиот гроб во Ерусалим беше затворен за поклоници и посетители, откако изралеските власти воведоа воени ограничувања поради конфликтот со Иран.

Вратите на храмот беа повторно отворени на Велики четврток по постигнатото примирје со Иран.

Според историските записи и преданија, Светиот оган најверојатно прв пат се појавил во 33 г. од н.е, точно во времето на Воскресението на Исус Христос, од полноќ на Велика Сабота па до неколку часа пред  разденување на Воскресна Недела. И сè до денес, повеќе од два милениума Благодатниот оган и понатаму како молња слегува на Христовиот гроб секоја Велика Сабота, неколку часа пред прославата на Неговото Воскресение.

 

На спуштањето на огнот му претходи сложен чин: вратата на кувуклијата е запечатена со голем восочен печат како знак дека нејзиното детално прегледување е завршено и дека внатре не е пронајдено ништо што би можело да му послужи на ерусалимскиот патријарх на каков било начин да запали оган.

Непосредно пред влегувањето на патријархот, печатот се отстранува и се внесува голем свеќник и 33 свеќи. Патријархот и присутните верници во храмот потоа непрекинато се молат за појавување на Благодатниот оган.

По спуштањето на огнот, патријархот излегува од кувуклијата им го предава светиот дар на собраните верници. Вообичаено во Црквата на Светиот гроб и во нејзина близина во Ерусалим на овој ден се собираа илјадници верници, кои по преземањето на Благодатниот оган од рацете на ерусалимскиот патријарх го пренесуваат понатаму.

Во изминатите години,  претставници на помесните православни цркви го преземаа Благодатниот оган од аеродромот во Тел Авив и го пренесуваа во своите земји, но оваа година тоа е отежнато поради состојбата на Блискиот Исток и воведените ограничувања во авиосообраќајот и безбедносните мерки

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Румен Радев два пати се пофали дека тој лично ја блокирал Македонија во ЕУ
Следна Статија По Париз и Скопје, и Вашингтон ќе добие триумфална порта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Келог: Украина може да биде поделена како Берлин по Втората светска војна

Специјалниот пратеник на САД за Украина и Русија, Кит Келог, изјави дека Украина може да биде поделена „речиси како Берлин…

April 12, 2025
СВЕТ

Обложувалниците предвидуваат понеизвесна трка за американски претседател

Водечките светски обложувалници денеска предвидуваат понеизвесна трка за претседател на САД, во споредба со пред десетина дена, кога кандидатот на…

November 3, 2024
СВЕТ

Технолошки лидери се соочуваат со предизвик во време на социјални тензии

Молчењето на високи извршни директори предизвика фрустрации додека Silicon Valley фигурите зборуваат против имиграционата политика

January 29, 2026
СВЕТ

Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ

Израелската армија рано утрово соопшти дека Иран започнал нов ракетен напад врз Израел. Сепак, се чини дека израелската воздушна одбрана…

June 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?