Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица
СВЕТ

Во земјотресот во Мјанмар досега извлечени телата на над 3.000 загинати лица

Објавено April 2, 2025 19:06
Сподели
Сподели

Владејачката хунта во Мјанмар денеска прогласи привремен прекин на огнот во граѓанската војна за да ги олесни напорите за помош по земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, во кој според последните податоци загинаа повеќе од 3.000 лица.

Соопштението на високата воена команда е објавено денеска на државната телевизија МРТВ, во кое се наведува дека прекинот на огнот ќе трае до 22 април, а целта е да се изрази сочувство за луѓето погодени од земјотресот.

Претходно, групите на вооружениот отпор, кои се противат на воената власт, прогласија едностран прекин на огнот.

Овие групи мора да се воздржат од напади на државата или прегрупирања, бидејќи во спротивно армијата ќе ги преземе „неопходните“ мерки, се наведува во соопштението на армијата.

Претходно денеска спасувачите извлекоа живи тројца мажи од урнатините пет дена по земјотресот. Меѓутоа, спасувачките тимови најчесто извлекуваат мртви тела.

Земјотресот со епицентар во Мјанмар беше силно почувствуван и во Тајланд, а причинета е голема материјална штета.

Бројот на жртвите денеска се искачи на 3.003, а повредени се над 4.500 лица, објави МРТВ. Меѓутоа, претпоставките се дека крајните бројки ќе се многу поголеми.

Во Мјанмар веќе имаше хуманитарна криза поради граѓанската војна. Повеќе од три милиони луѓе се внатрешно раселени, а на повеќе од 20 милиони луѓе им беше потребна помош дури и пред земјотресот, наведуваат Обединетите нации

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Политико: Маск наскоро поднесува оставка
Следна Статија Во Охрид полицаец е фатен на работно место со дрога

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Десетици илјади Палестинци се упатуваат кон северна Газа

Десетици илјади Палестинци се упатија кон северна Газа откако израелската војска соопшти дека стапил на сила договорот за прекин на…

October 10, 2025
СВЕТ

Зеленски пред средбата Трамп-Путин: Украина нема да ја даде својата земја на окупаторите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на најавата за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин следната…

August 9, 2025
СВЕТ

И Европската Унија ги стави на пауза царините за САД

Европската Унија одлучи да ги паузира своите контрамерки на американските царини на 90 дена за да отвори простор за преговори.…

April 10, 2025
СВЕТ

Масовен напад врз Украина, одекнуваат експлозии

Русија започна голем ракетен напад врз Украина во раните утрински часови, погодувајќи градови во неколку региони. Воздушни напади се активирани…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?