Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во куќата на убиецот се пронајдени трите тела во Прилеп – Фрлил бомба кон полицијата пред да се самоубие
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во куќата на убиецот се пронајдени трите тела во Прилеп – Фрлил бомба кон полицијата пред да се самоубие
ХРОНИКА

Во куќата на убиецот се пронајдени трите тела во Прилеп – Фрлил бомба кон полицијата пред да се самоубие

Објавено July 13, 2025 10:25
Сподели
Сподели

Две лица, татко и син се убиени, а убиецот се самоубил ноќеска во Прилеп. Според првичните сознанија, 63-годишнен прилепчанец прво го лишил од живот својот 43-годишен внук од сестра и неговиот 11 годишен син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања, а потоа се самоубил.

-Таткото и синот отишле во куќата на вујкото на улицата  „Стеван Апостолоски“ околу 15 до 16 часот. Освен вујкото немало никој друг во куќата. Инаку, претходно вујкото му ја препишал куќата на внукот. Не се знае што се случувало наредните часови само се знае дека таткото и 11-годишниот син биле убиени со пиштол пред да стигне полицијата околу 22 часот. Ова е утврдено зашто соседите слушнале истрели, вели јавниот обвинител Стевчо Биноски.

Сопругата на убиениот викнала полиција откако се загрижила што со часови ги немало нејзиниот сопруг и син. Полицијата пристигнала пред куќата околу 22 часот и кога се обидела да влезе, убиецот им фрлил бомба која полуексплодирала, но, не предизвикала никакви повреди.

-Полицијата ја ангажираше единицата тигри која потоа околу еден часот по полноќ влезе во куќата и ги најде трите мртви тела, вели јавниот обвинител Стевчо Биноски кој направи увид на местото на трагедијата која ги шокираше прилепчани.

Наредена е обдукција на трите тела. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ким Џонг Ун: Северна Кореја му дава целосна поддршка на Путин
Следна Статија Анкета: Позитивен одзив кај граѓаните за проектот со Велика Британија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж пронајден во провалија, имал тешки повреди

На 02.05.2025 во 19.45 часот во Полициска станица за граница и надзор Старавина било пријавено дека на превојот Слива на…

May 3, 2025
ХРОНИКА

Царинска управа: Запленета дрога, цигари, суплементи, парфеми и алкохол на граница и во внатрешноста

40 штеки цигари, 5 грама марихуана, 2.700 ќесички суплементи, 17 парфеми, 7.500 евра, 600 пакувања со вештачки трепки, 35 литри…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

Кривичниот суд соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Воедно, оттаму информираат дека…

July 18, 2025
ХРОНИКА

Закани по живот за него и неговото семејство добил заменик директорот на Национални шуми

Заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов добил закани по живот. Освен за него заканите биле упатени и кон неговото…

March 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?