Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ: Студентските протести се највалканата шарена револуција во историјата на човештвото
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ: Студентските протести се највалканата шарена револуција во историјата на човештвото
БАЛКАН

Вучиќ: Студентските протести се највалканата шарена револуција во историјата на човештвото

Објавено February 15, 2025 17:30
Сподели
Сподели

Српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека актуелните протести на студентите, кои речиси три месеци бараат одговорност за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, ќе влезат „во историјата на срамот“ како „највалканата обоена револуција во историјата на човештвото“ поради, како што цени тој, манипулацијата која ја прват врз децата, објавија дел од српските медиуми.

Тој одговорил на неколку прашања патувајќи со воз до Сремска Митровица, на митингот на кој денеска се усвојува „Народната декларација за Војводина во Србија“.

Во изјавата, меѓу другото, им се извинува на српските граѓани што државата дозволила некој да ги извади децата од градинка на улица.

Според Вучиќ, државата не реагирала за да ја добие војната против „надворешните“ кои вели, чекале институциите да применат насилство.

„Не реагиравме иако во изминатите два месеци беа направени десетици илјади незаконски дејствија, ниту една палка не беше употребена против демонстрантите“,изјави Вучиќ.

На прашањето дали очекува почеток на дијалог со незадоволните граѓани, тој одговори дека нивните лидери, вклучително и универзитетски професори и ректори „знаат дека е готово“, односно дека сега ќе се вратат на разговорите и дека ќе тврдат оти секогаш биле за разговори.

„Да се обложиме дека ќе го направат тоа? Готово е. Претежно најбогатите протестираат на улиците. Секогаш е лесно да се генерира незадоволство, тоа е основната политичка структура на секоја револуција која подоцна ја репродуцираат преку медиумите и социјалните мрежи. Ние барем им кажуваме кој ги плаќа тие сендвичи, а тие не кажуваат кој ги плаќа прасињата, јагнињата и автобусите до Крагуевац. Некој од надвор, а се работи за огромна сума на пари. Самите се пофалија дека вложиле 3,1 милијарда евра во моето рушење. И веќе изгубија, не гледаат како веќе се заврти политичкото тркало. Освен ако не ме убијат“,рече Вучиќ.

Тој обзнани дека планира наскоро во форма на книга или личен дневник, да објави како ја победил шарената револуција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Келог: Мировниот план за Украина може да биде завршен за неколку дена или недели
Следна Статија Зеленски одбил да ја потпише понудата на Трамп за минералите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Рама ја собра албанската дијаспора во Њујорк, следи Солун

Го барам вашиот глас од Америка за да ја направиме Албанија членка на ЕУ во 2030 година и да го…

October 26, 2024
БАЛКАН

Тригодишно девојче се удави во Грција

Тригодишно девојче се удави во базен во Родос. Таа била на детска забава со нејзината баба, и никој не видел…

June 15, 2025
БАЛКАН

На родителите на Данка Илиќ им земаа ДНК, случајот се враќа од почеток

Родителите на Данка Илиќ, Милош и Ивана, уште еднаш одговараа на прашања за теориите на заговор во врска со исчезнувањето…

February 10, 2025
БАЛКАН

Албанската министерка за внатрешни работи го разреши својот заменик поради пушење во ресторан

Албанската министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, го разреши својот заменик, Анди Махила, поради тоа што не почитувал забрана за…

September 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?