Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гувернерот Славески во работна посета на „Костал“ Македонија: Поддршка за стабилна економска средина и поголема конкурентност на компаниите ориентирани кон извоз
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Гувернерот Славески во работна посета на „Костал“ Македонија: Поддршка за стабилна економска средина и поголема конкурентност на компаниите ориентирани кон извоз
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески во работна посета на „Костал“ Македонија: Поддршка за стабилна економска средина и поголема конкурентност на компаниите ориентирани кон извоз

Објавено March 5, 2026 16:34
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески оствари работна средба со директорот на „Костал“ Македонија Виктор Мизо на која беа разгледани актуелните економски текови и предизвиците со кои се соочува бизнис-секторот.

Се разговараше пред сѐ за показателите значајни за деловната заедница, особено во однос на унапредувањето на платежните услуги, одржувањето стабилен девизен курс и обезбедувањето умерена инфлација, како главни предуслови за предвидлива деловна клима и одржлив раст на компаниите.

Гувернерот Славески ја истакна важноста од постојаната и отворена соработка на Народната банка со домашните и странските компании коишто работат во земјава, имајќи ги предвид перспективите во економијата, придонесот кон поголем извоз и подобрениот трговски биланс на државата.

Директорот Мизо го информира гувернерот за состојбите во автомобилската индустрија на светско и на европско ниво. Тој се осврна на предизвиците поврзани со синџирите на снабдување, царинските стапки, геополитичките тензии, цената и достапноста на работната сила, како и последните случувања што директно влијаеја врз производството и испораките, вклучително и штрајкот на регионалните транспортни компании.

Во рамките на посетата, гувернерот Славески имаше можност непосредно да се запознае со напредните технолошки процеси и најсовремената опрема во сегментот на енергетска електроника за автомобилската индустрија. Производството е наменето за најновите модели на електрични и приклучни хибридни возила на „Фолксваген“, како и за напредни мехатронски системи за „Мерцедес“, што дополнително ја потврдува ориентацијата на компанијата кон напредна технологија и извоз.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Live updates: Trump says Iran operation could take “four weeks or less,” 3 U.S. troops killed – CBS News
Следна Статија Poll: Are You Happy with Your PS Plus Essential Games for March 2026? – Push Square

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април година, изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е…

June 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра

Девизните резерви на крајот на октомври 2025 година изнесувале 4.843,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување…

November 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Нема ново задолжување во јуни

 - Премиерот Христијан Мицкоски денеска на седницата за пратенички прашања оцени дека според податоците од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) актуелната…

May 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

Премиерот Христијан Мицкоски најавува мерки поврзани со училишната кошничка, а вели дека се разгледуваат и неколку концепти за цените во…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?