Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Да бидеме сплотени и обединети како заедница и држава, порача Давкова во честитката за Рамазан Бајрам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Да бидеме сплотени и обединети како заедница и држава, порача Давкова во честитката за Рамазан Бајрам
МАКЕДОНИЈА

Да бидеме сплотени и обединети како заедница и држава, порача Давкова во честитката за Рамазан Бајрам

Објавено March 30, 2025 09:36
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху.

Почитуван Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Вам лично, на членовите на Ријасетот, на муфтиите и на имамите, како и на сите верници од исламска вероисповед во Македонија, Ви упатувам најсрдечни честитки по повод големиот муслимански празник ‒ Рамазан бајрам.

Од сè срце Ви посакувам празничните денови да ги поминете во хармонија и благосостојба, исполнети со радост и среќа, споделувајќи љубов и внимание со најблиските.

Годинава во светиот месец Рамазан, во месецот на пост, молитва и простување, ни се случи незапаметена трагедија којашто нè потресе како заедница и како индивидуи. Нашите мисли се со семејствата на настраданите и со повредените. Без разлика на верска, етничка или каква било припадност, сите се солидаризираме и заедно тагуваме.

Живееме во свет којшто е разбрануван од бурни геополитички поместувања, а ние сме кревки и ранливи во многу општествени сегменти. Пред нас се бројни предизвици и непредвидливи собитија. Да бидеме сплотени и обединети како заедница, како општество и како држава. Заедно можеме да ги надминеме и пребродиме сите тешкотии и проблеми. Со чиста мисла и со отворено срце за сите наши сограѓани, да ја направиме татковината просперитетна и достоинствена земја на среќни граѓани.

Честит Рамазан бајрам“, се вели во честитката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Видео) Меси му го посвети голот на Новак Ѓоковиќ
Следна Статија Војската на Мјанмар бомбардира региони под контрола на бунтовниците и покрај катастрофата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МРТ ќе го расчистува скандалот со детската песна за „Голема Албанија“ емитувана на МТВ 2

Скандалот со емитувањето на детска песна на МРТ2 на албански јазик, во која се воспева „Голема Албанија“, како и одговорноста…

April 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Додека јас сум премиер нема да има непринципиелен договор со Бугарија

„Тоа што го направи дипломатијата на свиткана кичма на СДСМ и на ДУИ, нас не доведе во оваа ситуација. Значи…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали биле точни информациите за укинувањето на линеарното покачување на пензиите

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека вчера добил информации дека во Уставиот суд била отпочната постапката за укинување на линеарното покачување…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Марш со молк во Кочани: Не бараме револуција за менување власт, бараме револуција за промена на колективната свест

Граѓаните на Кочани денеска организираа 60-минутен Марш со молк, како симболична почит за сите 60 лица кои починаа како последица…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?