Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска
ХРОНИКА

Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска

Објавено September 2, 2025 13:19
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е осуден на две години затворска казна поради нападот врз неа.

„Основен кривичен суд Скопје известува дека судот на 02.09.2025 година ја донесе и јавно ја објави пресудата по предметот К.бр.1338/25, со која обвинетиот С.Љ. го огласи за виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 вв со став 1 од Кривичниот законик, по што му изрече казна затвор во траење од 2 – две години, а заради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на Град Скопје.

Согласно член 47 од Кривичниот законик, во изречената казна затвор на обвинетиот С.Љ. му се засметува и времето поминато во куќен притвор, преиначена во мерка притвор.

Против ваквата пресудата странките имаат право на жалба во рок од 8 – осум дена по приемот на пресудата, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје“, се истакнува во соопштението.

По однос на мерката притвор, судот одлучи дека истата да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од 60 – шеесет дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница
Следна Статија Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Двајца малолетници (14) испраќале мејлови за поставени лажни бомби во училишта во Скопје, еве како ги открила полицијата

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното…

February 27, 2025
ХРОНИКА

ОЈО бара притвор за 44-годишен маж кој украл 10 илјади евра од менувачница

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело…

March 24, 2025
ХРОНИКА

Трагедија: Маж загина откако бил удрен со автомобил

На 26.10.2024 вo 19 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со ул.„1“…

October 27, 2024
ХРОНИКА

Лишени од слобода двајца полицајци поради оддавање на службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?