Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена

Објавено September 22, 2025 14:58
Сподели
Сподели

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,5 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат и остануваат 75,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 95, 77,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98 и 69 денари на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Со одлуката на РКЕ за 0,207 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 36,947 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,368 отсто, додека кај другите деривати има зголемување и тоа кај дизелот за 2,18 отсто, кај екстра лесното масло за 1,481 и кај мазутот за 1,689 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6675 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Казни за возење велосипед или преминување раскрсница со мобилен – стартуваат во петок
Следна Статија Скопјанка ограбена во кафуле, малолетник поминал со тротинет и ја украл чантата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост на жените – клучен фактор за економски напредок

„Родовата нееднаквост е едно од светските прашања за кои мора постојано да се зборува и да се преземаат активности. Според…

March 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“

Добра вест. Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“. Бележиме скок од 10 места на Индексот за…

March 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: На 17 март завршува рокот за поднесување образец ДЛД-ДБ и образец Б

Управата за јавни приходи ги информира вршителите на дејност, односно обврзниците регистрирани како трговец поединец, физичките лица кои се занимаваат…

March 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕСМ: Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона

Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?