Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска Кочоска: Во првиот квартал еврообврзница во два дела од по 500 милиони евра со различна рочност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска Кочоска: Во првиот квартал еврообврзница во два дела од по 500 милиони евра со различна рочност
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска: Во првиот квартал еврообврзница во два дела од по 500 милиони евра со различна рочност

Објавено January 5, 2026 14:03
Сподели
Сподели

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска потврди дека во првиот квартал годинава ќе биде издадена нова еврообврзница која ќе биде во два дела, но со различна рочност.

– Ќе биде во првиот квартал, работиме на тоа, ќе бидете информирани кога ќе ја започнеме целата постапка. Ќе остане во два дела, две еврообврзници по 500 милиони ера. Ако е помалку од петстотини милиони евра обврзницата не е атрактивна за инвеститорите кои можат да ја продаваат на секундарниот пазар и тогаш цената е повисока, од таа причина се одлучивме за две еврообврзници, рече Димитриеска Кочоска, на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата за пилот фазата на системот е-фактура.

Долго време се размислуваше, дополни таа, дали ќе се оди со една но имајќи го личното искуството, за жал, мене ми се падна среќата во следните четири години јас да враќам туѓи обврски, во ненормално високи износи како што е годинава од 700 милиони евра, нешто што можеби можело да се олесни и да се организира на друг начин.

– Долго време размислував дали тоа е чесен пристап јас да се задолжам денес со 950 милиони евра како што зборувавме и некој следен министер за финансии да биде во уште полоша состојба од тоа што сум јас денес. И сепак професионалноста кај мене ја надвладеа ситуацијата и заради тоа одлучивме да бидат две еврообврзници со различни рочности со цел некој иден министер да има многу подбри услови во кои ќе работи. Да не се секира како ќе ги прибира парите туку да може да работи повеќе и на други работи кои се должност на МФ затоа што не е само Буџетот, или повратот на ДДВ или согласностите за вработување или задожувањето, рече министерката за финансии.

Средствата се потребни за исплата на Еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра која доспева во 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Добитните броеви на Powerball за сабота, 3 јануари 2026 година
Следна Статија Селтикс триумфираат над Клиперс со импресивна победа од 146-115

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра- историски договор, со историски најниска каматна стапка

Имаме потврда од неколку банки, очекувам најголем дел од банките да застанат позади овој проект, односно овие 250 милиони евра…

November 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Петрова: Нема ретроактивно оданочување, ќе им се излезе во пресрет на граѓаните од странство

Оданочувањето на доходите на граѓаните кои работеле во странство е законска обврска пропишана во Законот за данок на личен доход…

February 2, 2026

Економскиот раст на Австралија промаши проценки, пораснувајќи за 2.1% во третиот квартал

БДП пораснa за 2.1% на годишно ниво, означувајќи го својот најсилен развој од третиот квартал на 2023 година кога економијата…

December 4, 2025

Просечната долгорочна хипотекарна каматна стапка во САД на најниско ниво во повеќе од три години

Просечната долгорочна хипотекарна каматна стапка во САД е на најниско ниво во повеќе од три години, што претставува позитивен сигнал…

January 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?