Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Не верувам дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг

Објавено October 4, 2024 18:31
Сподели
Сподели

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска не верува дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг. Во изјава за медиумите во Штип, министерката рече дека проекциите се и претпоставка е дека јавниот долг ќе изнесува 66 проценти.

– Тоа е максималниот износ, што е проектиран. Не верувам годинава дека ќе може да има намалување. Но, затоа работиме на промена на концептот, како ја гледаме иднината и како ќе ја развиваме економијата преку инвестиции, поголем економски раст. Секако дека полека ќе го консолидираме и јавниот долг, изјави Димитриеска-Кочоска.

Прашана за реакциите од одредени компании дека немаат редовен поврат на ДДВ, Димитриеска-Кочоска рече дека неможе да се согласи дека фирмите чекаат долг период.

– Ние секој месец вршиме поврат на ДДВ. Има компании кај коишто можеби подолго се чека, затоа што има одредени ситуации што дополнително треба да се испитаат. Идејата е дека најголемата злоупотреба што се случувала во изминатите седум години била токму во делот на повратот на ДДВ што значи дека во тој дел, одиме внимателно, уште еднаш со дополнителни проверки. Да не заборавиме од претходното раководство во Управата за јавни приходи има отворени налози во износ од повеќе од милјарда и четиристотини милиони денари по основ на стари предмети, посочи Димитриеска-Кочоска.

Истакна дека заедно со тим од Управата за јавни приходи работат на ваквите предмети и како што завршуваат, така и се врши повратот на ДДВ на фирмите.

За следната година во буџетот, како што изјави денеска Димитриеска-Кочоска, не се предвидени пари за ЕСМ. Се согласува дека ЕСМ е во страшно лоша состојба но, како што посочи, до крајот на наредната недела се чека да се склучи договор со домашните банки за кредитирање преку кои ќе ги затворат постоечките долгови, кои се повеќе од 100 милиони евра.

– Најважно од се е дека менаџментот на ЕСМ работи посветено и компанијата ќе има обезбедено подобри услови за идниот период за да си го сервисира кредитот што сега го зема, вели Димитриеска-Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почнува серија за Иво Андриќ, на неговиот погреб говорел нашиот Киро Глигоров
Следна Статија „Татковина наместо ислам“: Koj e Херберт Кикл кој најавува дека ќе ја ослободи Австрија од мигрантите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

Во јуни годинава во земјава вкупно се потрошени 296.651 мегават часови електрична енергија, 8,334 милиони нормални кубни метри природен гас,…

August 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Биткоин цена: Пад под $71,000 во азиските часови

Падот беше проследен со остри загуби на азиските и американските технолошки акции, каде загриженоста за врвот на AI инвестициите, истегнатите…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Работиме да ја нормализираме цената на комерцијални станови на пазарот

Со одлуката за намалување на цената на комерцијални станови во Битола што ги гради државата, започнуваме со намерата да ги…

February 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Златото руши рекорди, денес се продава по 140 евра за грам

Цената на златото се искачи на околу 5.050 долари за унца во петокот, по пресудата на Врховниот суд на САД…

February 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?