Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ е загрижена за падот на странските инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ е загрижена за падот на странските инвестиции
ПОЛИТИКА

ДУИ е загрижена за падот на странските инвестиции

Објавено April 18, 2026 09:38
Сподели
Сподели

Податоците објавени во регионалните анализи за странските директни инвестиции на Балканот покажуваат сериозен аларм за Република Северна Македонија: пад од 61% на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година, со вкупна вредност од само 468 милиони евра, стои во соопштението на ДУИ.

Во продолжение реакцијата:

Ова е еден од најслабите резултати во регионот и тежок сигнал за економијата на државата.

Странскиот инвеститор бара правна сигурност, функционални институции, политичка стабилност, професионална администрација и јасна евроатлантска перспектива.

Кога државата создава неизвесност, политички тензии и недостаток на стратешка насока, капиталот избира други дестинации.

Додека земјите од регионот се натпреваруваат за нови инвестиции, Северна Македонија губи чекор со алармантно темпо.

Падот од 61% значи помалку работни места, помало производство, помали можности за повисоки плати и помалку шанси за младите.

Актуелната влада го доби мандатот со ветувања за економски развој и рекордни инвестиции. Денес билансот е целосно спротивен.

Внатрешната политичка изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, затегнатите односи со меѓународните партнери и застојот на европскиот пат создаваат директни економски последици.

За оваа состојба мора да има јасна политичка одговорност. Влада која за кратко време ја носи државата на дното во регионот по странски инвестиции, нема кредибилитет да бара трпение од граѓаните.

Оставката на оваа влада е првиот неопходен чекор за враќање на довербата, стабилноста и развојната перспектива на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Примирјето во Иран може да заврши доколку до среда не се постигне долгорочен договор
Следна Статија Германски пензионер мора да врати 84.000 евра затоа што не штиклирал едно поле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи

Поради обилните врнежи од дожд и снег што ја зафатија земјава, на повеќе локации се регистрирани поплави, излевања на реки,…

January 11, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски до ДУИ: Добро е што веќе не се занимавате со ретро политики, но лошо е што не ја владеете енергетиката

Добро е што Демократската унија за интеграција (ДУИ) излезе од ретро политиките на политичарите од пред неколку децении и почнаа…

March 25, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Време е Карпош да добие нова енергија, време е за посветеност и одговорност

Сотир Лукроски е вистинскиот избор за Карпош. И него го знам колку што се знам себе си. И најдобро знам…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците никогаш нема да ја прифатат оваа фарса

Откривањето на незаконските активности на раководството на ВЛЕН, како дел од т.н. „Урбан криминал“, само го потврдува предупредувањето: ВМРО-ДПМНЕ ги…

June 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?