Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“
ЗДРАВЈЕ

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Објавено May 25, 2025 09:30
Сподели
Сподели

Во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, ги повикува сите граѓани на бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции (СПИ) кое ќе се одвива од 27 до 30 мај, секој ден од 15.00 до 18.00 часот, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно.

Денес ХИВ е контролирана здравствена состојба со достапната и ефективна терапија, важна е само навремената дијагноза. Доцната дијагноза е тивок ризик, нешто што можеш да се избегне со само еден мал чекор.

Раното тестирање значи:

· навремена и ефективна терапија;

· квалитетен и долг живот;

· нула ризик за пренос на ХИВ (кога луѓето со ХИВ се на терапија и вирусот е недетектибилен, тогаш ХИВ не се пренесува преку сексуален пат).

Дополнително, граѓаните може да се тестираат и за сифилис, гонореја и кламидија, со резултати готови за најмногу 30 минути. Тестирањето е анонимно, бесплатно и доверливо и се спроведува од обучени медицински лица и советувачи.

Како граѓаните да закажат термин?

· Со јавување во Младинскиот Центар „Сакам да знам“ на Водно на телефонскиот број 02/3176 – 950; · Преку оналјн закажување на преглед на следниов линк; или со

· Посета на Младински центар „Сакам да знам“ на Водно на ул. Елисие Поповски Марко бр.2 каде нема стигма, туку само грижа.

Тестирањето се одвива во пријателска и безбедна средина, каде освен здравствени услуги, граѓаните може да добијат и индивидуално советување за сексуално и репродуктивно здравје. Првиот чекор кон грижата за сопственото здравје започнува со информираност и навремено тестирање. Затоа, тестирај се! Твое право е да се чувствуваш здраво!

Услугите се реализираат преку Програмата за заштита на населението од ХИВ инфекцијата, поддржана од Министерството за здравство.

Европската недела на ХИВ тестирање е Европска иницијатива со цел зголемување на пристапот до тестирање за ХИВ и СПИ и подигнување на свеста за важноста на раната дијагноза, особено кај лицата кои се изложени на зголемен ризик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мохамед Салах е играч на сезоната во Премиер лигата
Следна Статија Европската Унија нема да попушти пред уцената со царините на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Како да се ослободите од стресот?

Во време кога многу луѓе се соочуваат со неизвесност, кризи и брзи промени, без разлика дали станува збор за големи…

April 13, 2026
ЗДРАВЈЕ

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје.…

June 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нови два случаи на Ковид-19 во Македонија, за 20 дена 13 заболени лица

Од 13 до 19 јануари, тестирани се вкупно 282 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање…

January 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Граѓаните кај матичните ќе се изјаснуваат дали сакаат да бидат дaрители на органи по нивната смрт

Органодарителството во иднина нема да зависи исклучиво од одлуката на семејствата, туку ќе се оди кон систем во кој клучна…

June 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?