Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Законот за високо образование нема да се повлече, разумните забелешки ќе бидат прифатени, изјави Јаневска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Законот за високо образование нема да се повлече, разумните забелешки ќе бидат прифатени, изјави Јаневска
МАКЕДОНИЈА

Законот за високо образование нема да се повлече, разумните забелешки ќе бидат прифатени, изјави Јаневска

Објавено February 27, 2026 13:31
Сподели
Сподели

Нема потреба од повлекување на предлог-законот за високо образование, бидејќи секое негово одложување би било на штета на високото образование, студентите и младите во државата – изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање дали законското решение ќе се врати на доработка.

Таа посочи дека бројот на забелешки од универзитетите не е голем, при што дел од нив се повторуваат, а сите аргументирани и разумни предлози ќе бидат прифатени и вградени во текстот на законот, пренесе МИА.

Како пример, Јаневска наведе дека ќе се повлече одредбата според која кандидатите пред одбрана на магистерски труд треба да имаат објавено научен труд во базата Web of Science, бидејќи е оценето дека за тоа често нема доволно време. Исто така, наместо три научни труда со импакт-фактор за одбрана на докторска дисертација, ќе бидат доволни два.

Министерката информираше дека приватните универзитети доставиле забелешки во однос на висината на финансиската гаранција. Наместо предвидените 100 проценти, гаранцијата ќе се намали на 70 проценти, а како обезбедување ќе може да се понуди и хипотека.

Според неа, во одредени членови се потребни технички дообјаснувања, особено околу роковите за акредитација и постапките при нова акредитација, но без промена на суштината на законот. По дополнителните усогласувања, законот повторно ќе биде објавен на ЕНЕР, по што се очекува да влезе во владина процедура.

Во однос на студентите на приватните универзитети, Јаневска нагласи дека тие немаат причина за загриженост и ќе можат да ги завршат студиите според акредитацијата по која се запишале. Доколку сакаат, ќе им биде овозможено и префрлување на државни универзитети.

За професорите, министерката истакна дека вработувањето во приватниот сектор секогаш носи одредени ризици и додаде дека државата е должна да интервенира поради состојбите во високото образование и во интерес на младите и образовниот систем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ex-ICE instructor testifies that agency slashed officer training, lied to Congress – The Washington Post
Следна Статија Утре ракометна класика Алкалоид-Вардар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Состојбата со пожарите е под контрола, опозицијата се занимава со некрофилија

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека критиките на опозицијата насочени кон него во врска со пожарите се затоа што опозицијата мисли…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

И министерот Филков бара да биде преиспитана одлуката за мазутот

По премиерот и министерот за правда побара да се преиспита одлуката на обвинителството за прекинување на истрагата во случајот со…

May 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Агенцијата незаконски ме следела и злоупотребувала државни ресурси

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „360 степени” зборуваше за неговото физичко следење од страна на…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Според ОН, Македонија во 2100 година ќе има 52 отсто помалку население!

Перспективи на светското население 2024“, документ на Обединетите нации, предвидува дека Македонија во 2100 година ќе има 52 проценти помалку…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?