Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За Уставен камерите на „Сејф сити“ се законски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За Уставен камерите на „Сејф сити“ се законски
МАКЕДОНИЈА

За Уставен камерите на „Сејф сити“ се законски

Објавено March 11, 2026 16:25
Сподели
Сподели

Отфрлени иницијативите за Законот за сообраќајни прекршоци познат како Сејф сити поднесени од пратениците Зијадин Села како и онаа на Арбен Таравари. Во иницијативите беше наведено дека новите решенија за електронско евидентирање на сообраќајни прекршоци создаваат нееднаквост, бидејќи системот се применува само во Скопје, Тетово и Куманово, како и дека и пораките кои се примаат при сообраќаен прекршок треба да бидат и на албански јазик. Судијата Насер Ајдари рече дека треба да се испита уставноста и да се препорача Собранието да ги направи потребните измени во Законот за прекршоци.

„Отсуството на јасна законска гаранција дека ваквите известувања ќе се вршат на службените јазици опфатени со Уставот создаваат правна празнина која може да доведе до повреда на уставниот режим за употреба на јазиците“, рече Ајдари.

Судијката известител Ана Павловска Данева рече дека во самиот закон добро се посочува во кои случаи се применува Законот за употреба на јазиците, дека нема потреба да се поведе постапка за испитување на уставноста, а пресече и претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски кој смета дека воопшто и не треба да се почне расправа.

„Ние предлагаме во принцип остварување на нашата надлежност бидејќи не наоѓаме во ниту еден од аргументите и за ниту еден од предложените одредби да бидат укинати или поништени, зависи како кој од иницијаторите предлага, не наоѓаме причини за поведување на постапка“, изјави Павловска-Данева.

„Со силата на аргументите и со анализата по неколку спорни прашања особено во поглед на употребата на јазиците, слободите и правата на граѓаните, заштитата на личните податоци, за товарот на докажувањето, дури мојот предлог би одел и да одлуката на Судот биде неповедување. Значи мериторна одлука, не отфрлање“, изјави Дарко Костадиновски.

За законот за прекршоци реакции имаше и од претседателот на СДСМ Венко Филипче кој рече дека го поддржува подобрувањето на безбедноста во сообраќајот но и дека остануваат отворени прашања околу контролата и управување со податоците што ги собира системот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Женско тело извадено од Вардар
Следна Статија Вечерва супер дерби во ЛШ: Сити-Реал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски- Пејкоф: Инвестициите на Нијагара Ботлинг се добредојдени, а македонската дијаспора е клучен елемент во системот

Премиерот Христијан Мицкоски оставри средба со Ендру Пејкоф, канадски бизнисмен со македонско потекло, основач и Претседател на Нијагара Ботлинг, компанија…

January 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место а тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина

Патот на Македонија кон ЕУ предолго трае, и тоа не по македонска вина - нагласи претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ…

March 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Почнува најголемата воена вежба во земјава „Брз одговор 2025“

Од денеска државава ќе биде домаќин на воената вежба „Брз одговор 2025“ ккао дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?