Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Има притисок од странство на бензинските пумпи, но државните резерви можат да покријат 62 дена потрошувачка, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Има притисок од странство на бензинските пумпи, но државните резерви можат да покријат 62 дена потрошувачка, вели Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Има притисок од странство на бензинските пумпи, но државните резерви можат да покријат 62 дена потрошувачка, вели Мицкоски

Објавено March 8, 2026 16:54
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Државниот пазарен инспекторат е на терен поради поплаките од граѓани дека на некои бензински пумпи има ограничување при точење дизел, но нагласи дека снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата е стабилно.

Тој посочи дека ваквите појави најчесто се забележани во пограничните општини, каде што има зголемен притисок поради значително повисоките цени на горивата во соседните држави.

Државниот пазарен инспекторат е на терен. Забележани се такви однесувања на некои пумпи во погранични општини затоа што има голем притисок од соседните држави, каде цената на енергенсите е за повеќе од 40 до 50 проценти повисока од кај нас. Во соседна Србија таа е меѓу 120 и 130 денари по литар, кај нас е 71 денар. Како резултат на таквиот притисок имаме огромно зголемено количество на трошење на нафта и нафтени деривати и можеби поради тоа на одредени бензински пумпи има недостиг на количини“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека според информациите што ги добил од Државниот пазарен инспекторат, на целата територија на државата граѓаните и бизнисите непречено се снабдуваат со гориво.

Од она што сум информиран од страна на ДПИ, на целата територија на државата граѓаните и бизнисите непрекинато се снабдуваат со нафта и нафтени деривати“, нагласи премиерот.

Мицкоски истакна дека државните резерви се доволни за подолг период и дека енергетската состојба во земјата е стабилна.

Државните резерви можат да покријат целодневен конзум повеќе од 62 дена, снабдувањето би рекол дека е повеќе од одлично. Кога почнавме да го рестартираме нафтоводот со нашиот јужен сосед на многумина им изгледаше чудно и невозможно, но поминаа сите тестови и можеме да го користиме и тој капитал. Може да го ставиме и на располагање на соседите и тие да го користат за нивните потреби. Македонија во моментот има стабилна енергетска состојба и е фактор на стабилност во регионот и граѓаните плаќаат најевтина цена за нафта и нафтени деривати“, додаде Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Раул од Партизан ќе прави нов Вардар (ФОТО)
Следна Статија Роналдо 8 март го помина со жените на неговиот живот (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Експертите откриваат која криптовалута има најголем потенцијал

Аналитичарите ширум светот следат платформи кои решаваат вистински технички проблеми, а не монетите кои најмногу се издвојуваат на социјалните мрежи.…

August 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Англиска експертиза ќе добива македонската железница

Владата на денешната 114. редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие…

September 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака од 31 октомври

Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека од Меѓународниот аеродром Скопје од 31 октомври се воведува нова авиолинија до Ларнака…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бранко Тричковски јавно му посака смрт на премиерот Христијан Мицкоски

Пропагандистот на опозициската СДСМ, Бранко Тричковски, вчера објавил гнасен коментар на социјалната мрежа Фејсбук, а во врска со информацијата за…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?